Малку произведува многу троши, Македонија зависна од увоз на енергија
Објавено во: Економија 30 Октомври, 2012 11:24
„Идејата е да се артикулираат односите меѓу реалниот економски сектор во енергетиката и институциите кои со закони и подзаконски акти ја регулираат целата материја“, изјави Александар Толевски, кој беше едногласно избран за претседател на Групацијата, инаку директор на компанијата „Интебако“.
Во моментот групацијата ја сочинуваат 20-тина компаниии од секторот енергетика.
„ Ние малку произведуваме, а многу трошиме по единица производ или по единица квадрат. Сиромашни сме со ресурси, што значи немаме фосилни горива, нафтени деривати, единствено имаме малку јаглен во Битола. Неопходно е да работиме и на заштеда и на зголемување на производството. Од потребите за енергија една третина е од увоз - зборувам за електирката, а фосилните горива и нафтата 100 проценти се увезуваат. Наша цел е да помогнеме на цел еден кластер на фирми во производството на енергијата”, вели Толевски.
И директорот на Агенцијата за енергетика, г-дин Лазар Гечевски ја поздрави новата групација бидејќи според него, зависни сме од увоз, а Македонија има потреба од 9 до 10 TWh електирчна енергија, но во моментов произодството е само 6 TWh.
„Токму затоа сакаме да го ублажиме тој увоз преку имплементација на енергетската ефикасност, што значи користење на помалку енергија, без да се намали квалитетот на живеење. Во делот на обновливи извори на енергија можеме да направиме потег да ги намалиме повластените тарифи, но мора да имаме таква цена со која ќе ги привлечеме инвеститорите да вложуваат во таа проблематика. Интересот на двете сфери треба да создаде партнерски однос така што државата ќе го добие она што го побарува без да инвестира свој капитал, а во одреден временски период со праг на рентабилност не поголем од 8 години, капиталот да биде вратен”, истакна Ѓечевски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен





