09 Октомври, 2024
0.0283

„МАМО, ПОМАГАЈ“ - Шокантна снимка го потресе светот, планинари среде вулканска ерупција - загинаа 22 лица (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 05 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Кога еруптираше вулканот Марапи во Индонезија, планинари се најдоа среде катастрофа.

Зафира Захрим Фебрина (19) по ерупцијата била целосно покриена со пепел, но успеала да и се јави на мајка си на телефон.

- Мамо, помогни! Ова е прашање на живот или смрт – рече таа снимајќи ги ужасните сцени.

Девојчето е во болница со татко и и вујко, каде се опоравува. Заедно со уште 18 другарки од училиште, таа била заробена во планината кога се разбудил Марапи.

Пронајдени се телата на 11 планинари, а спасувачите трагаат по уште 22 лица кои се водат како исчезнати.

- Доживеа огромна траума. Психолошки закрепнува бидејќи ги видела изгорениците и цела ноќ ја поминала во болки. Фала богу што се најде, ако сака пак да оди на планина нема да и дозволам - изјави мајката Рани Раделани (39).


Во друго видео, девојката Фебрини има пепел кој и го покрива лицето, косата и облеката. Беше облеана во крв и гласот и звучеше рапаво.

Потрагата по 10 исчезнати планинари на планината Марапи продолжи во вторникот, откако беше прекината поради безбедносни причини.

Официјални лица рекоа дека девет тела биле извлечени до попладневните часови, а едно се уште се води како исчезнато. Во болница се згрижени уште дванаесет повредени.

Честите вулкански ерупции ги попречуваат спасувачките напори со денови.

Ахмад Рифанди, шеф на опсерваторијата на Марапи, изјави за АФП дека само во вторникот биле регистрирани пет ерупции.

- Марапи се уште е многу активен. Не можеме да ја видиме висината на колоната затоа што е покриена со облак – рече тој.

Спасувачите изјавија за BBC News Indonesia дека ги користат краткотрајните периоди на релативно смиреност за да ги бараат исчезнатите и дека напорите за пронаоѓање на последниот исчезнат планинар ќе продолжат во среда.

Вулканот исфрли пепел 3 километри во воздухот во неделата, покривајќи ги околните села со пепел.

За време на ерупцијата, во областа имало 75 планинари, од кои повеќето биле евакуирани и лекувани поради изгореници.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи