26 Ноември, 2024
0.1454

МАНУ се огласи за јазикот и идентитетот по прозивките од Бугарија

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во Промеморијата што ја објави Претседателството на МАНУ се вели дека македонскиот јазик има просторен и временски континуитет, македонскиот идентитет има етнокултурна посебност.

Даваат поддршка на евроинтеграциите, но пред сè на идентитетот и на државотворноста на македонскиот народ. 

МАНУ објави документ под наслов „Промеморија за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ”. 

Документот на МАНУ го објавуваме во целина:

ПРОМЕМОРИЈА ЗА ДРЖАВОТВОРНОСТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Имајќи ги предвид:

– Повелбата на ОН и универзалните придобивки кои произлегуваат од неа, посебно член 1, став 2 кој го гарантира правото на самоопределување како темелно начело на меѓународното право со еrga omnes статус;

– Лисабонскиот договор (член 2, став 3, алинеја 4) со кој се инсистира на почит кон богатиот културен и јазичен диверзитет на Европа;

– Меѓунaродниот пакт за економски, социјални и културни права (1960) и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (1960) кои го реафирмираат правото на сите народи на самоопределување како задолжително (jus cogens);

– Уставот на Република С Македонија кој во член 8 утврдува дека една од темелните вредности е почитувањето на нормите на меѓународното право, а со амандманите XXXV и XXXVI кон член 3 гарантира дека „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“, како и дека „Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ“;

Потсетувајќи дека:

– правото на самоопределување на народите е неразделно од државниот и национален идентитет;

– македонскиот народ ја искажувал и ја докажувал научно посебноста на својот историски, културен, јазичен, политички идентитет во континуитет, а особено во текот на 19 и 20 век, во текот на својата борба за национално ослободување и државно осамостојување, како и во рамките на македонската република во составот на југословенската федерација (1945 – 1991), односно во рамките на независна и суверена Република Македонија (1991 – 2019);

Повикувајќи се на:

– Промеморијата на МАНУ во врска со спорот околу името на Македонија од 2002 година;

– Декларацијата на МАНУ за македонскиот јазик од 5 декември 2019 година;

Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите ги поддржува напорите на Владата на нашата држава за интегрирање во ЕУ, залагајќи се, притоа, за почитување на:

– меѓународните повелби и конвенции од коишто произлегуваат и неотуѓивите и суверени права на македонскиот народ на самоопределување, тесно поврзани со неговиот државотворен статус и национален, историски, културен и јазичен и номинален идентитет;

– резултатите од легитимните пописи на населението изведени во неколку наврати во некогашната Федеративна Република Југославија (1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991) и во Република Македонија (1994, 2002), кога Македонците по своја слободна волја се изјасниле за припадници на посебен етнички и национален ентитет;

– резултатите од двата референдума, во 1991 и во 2018 година, кои ја озаконија свеста и волјата на македонските граѓани и на македонскиот народ и го легитимираа нивното неприкосновено право на самоопределување и самоименување;

– сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки, современата светска славистика и лингвистика, современата светска историска наука, и меѓународното право, според коишто:

  • македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен континуитет (македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и временски континуитет (македонскиот јазик опстојувал повеќе стотици години);
  • македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулирана свест за етнокултурната посебност, колективен интегритет, почит кон традиционалните религиски институции и наратив за припадноста на одреден географски и историски простор;
  • достоинството на македонскиот народ.
Претходно, Бугарската академија на науките ја поддржа бугарската Влада во ставот дека Македонија не треба да ги почне преговорите и не треба да се даде поддршка. 

Станува извесно дека Бугарија ќе стави вето. 

Бројни беа изјавите од бугарски политичари кои го спорат македонскиот јазик и нација, со тврдење дека имаат бугарски корени. 

Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито, вели бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, откако станува се поизвесно дека ќе стават вето на македонските преговори со ЕУ. 

Вето од Бугарија е повеќе од извесно, но очекувам крик на пријателство, вели премиерот Зоран Заев. 

Премиерот додава дека до крајот на декември има можност за одржување на прва меѓувладина конференција и дека очекува одговорност и позитивна одлука од нашиот сосед. 

Заев вели дека тој е подготвен, но и го подготвил народот дека е можна блокада. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ