МAПА НА КРИМИНАЛОТ: “Црна Гора, Косово мафијашки, Македонија нестабилна држава”
Објавено во: Анализа 26 Јануари, 2015 12:03
На мапата, што го илустрира текстот “Италија во срцето на бурата” Црна Гора и Косово се означени како мафијашки држави, додека Србија, Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина, како “нестабилни”.
Редакцијата на една од водечките европски публикации кои се занимава со геостратешки прашања тврди дека Црна Гора и Косово се квалификува како “мафија држава”, оценка донесена врз основа на податоците на италијанските институции.
На прашањето: “Вјести” на кои податоци се извлекува оценката, односно се користеле за креирање на картата, од “Лимес” одговорилe дека податоци доаѓаат од различни извори.
“Меѓу нив има податоци од италијанските институции за илегална трговија кон Италија (шверц на оружје и дрога), во кои, меѓу другото, од Балканскиот регион, особено Косово и Црна Гора, се означени како важни транзитни центар”, изјави редакцијата на италијанскиот магазин.
Исто така се наведува дека картата е објавена во неколку изданија на списанието и тоа не обврзува на посебна статија.
“Вјести” добиле одговор на прашањето дали оценката за Косово и Црна Гора како “мафија држава” се уште ја смета за актуелна.
На картата се означени и кривични текови, еден води од Турција и Грција преку Косово и Црна Гора, а завршува во северниот дел на Италија, додека Белград е етикетиран како невралгична точка на трговијата со луѓе, која започнува од Москва и Украина.
Во едно од претходните анализа “Лимес” Црна Гора е означена како земја под влијание на Русија.
Црна Гора како мафијашка држава, пред две години беше означена и во анализата на списанието на Американскиот совет за надворешни односи (ЦФР), “Форин аферс”.
Тогаш покра Црна Гора како “мафијашка држава” обележани беа и Бугарија, Украина, Гвинеја-Бисау, Мјанмар и Венецуела.
Во анализата на американскиот магазин се проценува дека низ целиот свет криминалците се инфилтрирани во владите на нивоа без преседан, така што се случува “наместо да се разбијат криминалните групи, владата ги преземе нивните работи”.
К.К
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





