05 Декември, 2025
0.2693

Марихуаната ги полни државните буџети – пионерите во легализација тријат раце

Објавено во: Анализа 16 Март, 2014 09:30

Добивај вести на Viber

Од трансакции со дрога по легализирањето на марихуаната американскиот држава Колорадо заработила, само во форма на даноци во еден месец -  јануари околу 2 милиони долари (1,4 милиони евра). Податоците објавнеи  од надлежниот даночен орган покажуваат дека трговците продале само во првиот месец од годината "трева" во вредност од малку над 14 милиони долари ( 10,1 милиони евра ). Ако на оваа сума се додадат и давачките за лиценцирање на продажбата на марихуана и приходите од медицинска марихуана, тогаш кај даночните на Колорадо се собрале 3,5 милиони долари. Гувернерот Џон Хикенлупр сепак очекуваше уште повисоки приходи. Тој ќе се кандидира во ноември на тамошните избори за гувернери во државата. Хикенлупр веќе планирал како да потроши 133 милиони долари од приходите од легалната продажба на марихуана - голем дел од сумата ќе биде користена до јуни 2015 година за информативни кампањи за нелегалните дроги и за поддршка на зависниците. Државата од трговијата со дрога собира  12,9% данок од продажба и наметнува акциза од 15% на продажбата на марихуана, од кои се надева да собере 600 милиони долари за 2014 година. Заедно со продажбата на канабис за медицински потреби вкупно продажбата се очекува да изнесува 11 милијарди долари во текот на финансиската година. Граѓаните гласаа минатата година за воведување на овие даноци и решија дека првите 40 милиони долари треба да се користат за изградба и одржување на училишните згради. Гласачите во Колорадо гласаа во 2012 година за легализирањето на марихуаната, а во сила законот стапи во почетокот на оваа година. Во Колорадо лицата на возраст над 21 година можат од почетокот на годината легално да купуваат и консумираат марихуана - до една унца, или да одгледуваат максимум шест растенија. Во меѓувреме, во Колорадо има околу 160 лиценцирани продавници, во кои може да биде продава тревата. Колорадо, заедно со Вашингтон се единствените држави во САД, каде што употребата на канабис станува легална без потреба од лекарски рецепт. И во двете држави останува забраната за употреба на јавни места, а трговските продажба се дозволени само откако ќе се подготват и ќе бидат одобрени од релевантните регулаторни органи. Перспективите на пазарот изгледаат добри. Во изминатата година 2000-4500 легални дистрибутери кои продавале марихуана за медицински цели, имале приходи од 1,2-1,3 милијарди долари, пишува секторско списание Medical Marijuana Business Daily. До 2018 година обемот на пазарот може да се зголеми до 6 милијарди долари. Кој сака да има реална претстава за тоа колку пари можат да се добијат со марихуана, може да ги разгледа податоците за црниот пазар. Само во САД во моментов тој се проценува на околу 18 милијарди долари. "Едно е сигурно - ова е важна економска активност", вели Џон Гетман, активист за реформи во законите и поранешен претседател на National Organization for the Reform of Marijuana Laws (Националната организација за реформа на законите за марихуана). К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени