30 Април, 2024
0.0268

ИНТЕРВЈУ Марјан Ристески: неиздржливо е, гневот на работниците ќе мора јавно да се искаже!

Објавено во: Економија 01 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во Македонија веќе подолг период се влошува материјално-финансиската положба на работниците, расте бројот на невработени, инвеститорите ја избегнуваат нашата држава, неконтролирано се зголемуваат цените на основните животни артикли и услуги, секој трет граѓанин е сиромашен и невработен што крајно неповолно се одразува не само врз животот на работниците туку на вкупната економска состојба на сите граѓани во државата. Секојдневно има отпуштање од работни места, неконтролирани прераспределувања на технолошкиот вишок, доцнења на плати, време на извршители, кредити, работниците не знаат што попрво да платат, дали струја, вода, телефон, школување на деца, храна, облека итн. Оваа ситуација еднаш мора да ескалира, вели во интервју за Фактор првиот човек на Конфедерацијата на синдикални организации, Марјан Ристески. Фактор: Како Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ ќе го одбележи Први мај? Ристески: КСОМ за разлика од другите години кога симболично со протести го одбележуваше 1 Мај, оваа година раководството на синдикатот донесе одлука да не се протестира. Една од причините да нема протести е и немањето на финансиски средства кои се потребни за одржување на протест. Традиционално, нашиот народ на овој ден масовно ги посетува излетничките места, а ако се има во превид дека штотуку завршија и локалните избори каде граѓаните на Македонија се изморија од митинзи и патувања по државата на мислење бевме дека оваа година не можеме да организираме првомајски протести. КСОМ оваа година 1 Мај ќе го одбележи на тој начин што ќе одржи состанок со синдикатите кои делуваат во рамките на синдикатот како и со оние синдикални организации кои имаат формирано иницијативни одбори за приклучување во состав на КСОМ каде што ќе биде донесена стратегија за понатамошно делување на синдикатот. Што се однесува за нашиот став ние како синдикат секогаш сме биле и во иднина ќе бидеме за одржување на синдикални протести на денот на трудот 1 Мај. Фактор:Зошто во земјава никој не одржува протести ? Ристески: Нашиот одговот би бил дека работниците во голем број не веруваат во раководствата на синдикатите. А, мора да признаеме дека стравот за своите работни места од тоа дека ќе бидат видени на протести во голема мерка влијае на масовноста на протестите. Исто така за нас важен аргумент е и тоа што работниците во Македонија воопшто не се прашани дали се задоволни од измените што се прават на Законот за работни односи и на колективните договори од страна на таканаречените репрезентативни синдикални лидери, а на тој начин се губи комуникацијата со работниците и во таква состојба тешко е таквиот начин неинформиран работник да го мотивирате да протестира. Меѓутоа ние од КСОМ не се откажуваме од синдикалната борба и протести зашто сме на мислење дека доаѓа времето за јако синдикално делување, затоа што граѓаните, работниците увидуваат дека никој не се грижи и мисли за нивните права и стандард и ќе мора сами да се организираме. Работниците од страв и плашење веќе се изморени и стануваат имуни на овие појави и се ближи периодот кога целиот свој гнев ќе мора јавно да го искажат. Фактор: Каков е Вашиот став за работата на ССМ? Ристески: Мора да признаеме дека се добри играчи со сите влади. Фактор: ССМ вели дека нема протести бидејќи работничките права генерално не биле загрозени. Ристески:  Во Македонија веќе подолг период се влошува материјано-финансиската положба на работниците, расте бројот на невработени, инвеститорите ја избегнуваат нашата држава, неконтролирано се зголемуваат цените на основните животни артикли и услуги, секој трет граѓанин е сиромашен и невработен што крајно неповолно се одразува не само врз животот на работниците туку на вкупната економска состојба на сите граѓани во државата.  Повеќепати се интервенираше во Законот за работни односи при што се скратија стекнатите права на работниците во државата. Секојдневно има отпуштање од работни места, неконтролирани прераспределувања на технолошкиот вишок, доцнења на плати, време на извршители, кредити, работниците не знаат што попрво да платат, дали струја, вода, телефон, школување на деца, храна, облека итн. Младите ја напуштаат државата, треба да им се даде шанса тука во државата, но не со вработување на партиски кадри туку на анимирани и образовни кадри. Овие се доволни показатели дека се загрозени работничките права и треба да се одржуваат протести. Фактор: Дали синдикатите во Македонија се во спрега со политиката т.е дали секоја власт во земјава си има свој синдикат на штета на работниците? Ристески: Досегашната пракса покажа дека ССМ е идеален за секоја досегашна влада. Фактор: Како вработените во МЖ-Инфраструктура ја коментираат состојбата со работничките права таму, со огледе дека мора са штрајкуваат за да земат плата? Ристески: За разлика од други јавни претпријатија и државни установи или фирми во приватниот сектор во МЖ-ИНфраструктура делуваат неколку синдикати кои имаат долгогодишно искуство во сферата на синдикалното делување и мислиме дека работниците се максиламлно информирани за се што се случува во претпријатието и заеднички делуваме за разрешување на сите проблеми што се во интерес на вработените било да се работи за исплата на плата, прогласување на технолошки вишок, сини картони, прераспределување и слично. Не знам како ќе биде во иднинја, но досегашната активност на синдикатите кои делуваат во МЖ мислам дека треба да послужи за пример како треба да делува синдикат во едно претпријатие, установа или фирма. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година