Добивај вести на Viber
Заменик министерот за економија Марјан Ристески е задоволен од намалувањето на цените во рамки на „есенската кошничка“ и очекува тие да паднат за уште 10 отсто со почетокот на примената на Законот за нефер трговски практики од 28 септември.
„Продолжува падот на цените во маркетите на 73 производи опфатени во акцијата „Есенска потрошувачка кошница“ , каде досега имаме намалување на цените кај овие производи во просек од 10 до 12 проценти.
Посетив неколку маркети каде забележав намалување на цените кај повеќе производи кои се опфатени со оваа акција.
Инспекциските служби се на терен, ја контролираат состојбата и ги санкционираат сите трговците кои не ја почитуваат владината мерка.
Деновиве стапи во сила новиот Закон за нефер трговски практики во синџирот на снабдување, со што кај 2548 земјоделски и прехранбени производи се ограничува на 10 проценти рабатот и дополнителните трошоци односно надоместоци, и очекувам со истиот дополнително намалување на цените кај овие производи за околу 10 отсто“, објави поранешниот градоначалник на Прилеп на својот профил на социјалните мрежи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.