18 Декември, 2025
0.0592

Марш на солидарноста во Париз

Објавено во: Свет 11 Јануари, 2015 12:14

Добивај вести на Viber

Повеќе од милион луѓе поддржани од над 40 светски лидери ќе излезат денес на улиците на Франција на „Марш на солидарноста“ за да го искажат својот револт против терористичките напади што деновиве ја потресија земјата, а во кој беа убиени 17 лица. Францускиот премиер, Мануел Валс, изјави вчера дека не се сомнева дека ќе се соберат повеќе од милион граѓани за да ја искажат својата љубов кон слободата и братството, пренесува агенцијата „АФП“. Повеќе од 5.500 полициски службеници и војници се задолжени да се грижат за безбедноста во Париз за време на Маршот на солидарноста, соопшти министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев. „Во оваа исклучителна ситуација, ќе бидат преземени посебни мерки со цел да се осигура безбедноста на марчот како и почитувањето на јавниот ред“, истакнал Казнев пред новинарите. Околу 2.200 лица ќе бидат распоредени само да ја обезбедуваат рутата на маршот, кој предвидено е да тргне од историскиот Плоштад на републиката до Плоштадот на нацијат во центарот на француската престолнина. Дополнително, ќе бидат распоредени 2.000 полицајци и 1.350 војници околу градот, особено пред медиумските куќи, верските објекти, јавните згради и дипломатските претставништва, истакнал министерот. „Снајперисти од елитниот одред ќе бидат стационирани на покривите на зградите по должината на рутата на маршот“, додал Казнев. Парискиот јавен сообраќај, вклучувајќи го и метрото, ќе биде посебно „надгледуван“, се вели во изјавата на Казнев. На повикот на францускиот претседател Франсоа Оланд, за учество на големата антитерористичка протестна прошетка се огласија највисоките функционери на Европската унија како и лидерите на европските земји. На маршот на солидарноста ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот на Шпанија, Британија, Турција и Италија, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе ја предводи делегацијата на Русија. Поддршка  за Франција ќе искажат и израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија