16 Април, 2024
0.0265

Мартина Димовска, првата Македонка која оствари аналогна мисија на Марс: Малите достигнувања ме пласираа на светската вселенска сцена

Објавено во: Стил 18 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Мартина Димовска е една од најуспешните Македонки во светот, а нејзината приказна за аналогната мисија Марс разбуди интерес кај целата јавност. Во моментов, младата кичевчанка служи „Мисија на Марс“ на Универзитетот на Јужна Дакота,UND ILMAH (University of North Dakota – Integrated Lunar Martian Analog Habitat), спонзорирана од НАСА. Станува збор за аналогна мисија, а ваквите мисии се од огромна вредност за научната вселенска заедница. Мартина има титула како „Официр за наука“. За Женски магазин, шарматната девојка го раскажа целиот свој пат до овој голем успех.

* Која е Мартина, како од Македонија, од твојот роден град Кичево стаса до каде што си, што правиш во моментов?

- Со напорна континуирана работа и многу жртви секако. Велат дека ако работиш повеќе од сите други, ќе стигнеш подалеку од сите други. Моите блиски ите како знаат дека во многу моменти често на прво место ми биле моите обврски. Живеам многу динамичен живот со многу хаотичен распоред, за кој што треба да си вистински посветен. Вака работам одамна, па сите тие малечки достигнувања и искуства ме пласираа на светската вселенска сцена. 

* Што значи аналогна мисија на Марс, што поточно значи да си отсечена од светот 21 ден и како се одвива оваа мисија?

- Тоа се мисии кои што со своите услови мимицираат некое вселенско сценарио - односно живеење во Вселенски брод, на друга планета како Месечината, Марс, на некој астероид и слично, но мисиите се одржуваат на Земјата. Астронаутите редовно користат аналогни мисии при нивниот тренинг на кои се подготвуваат на поинаквиот начин на живот, сличен со некои екстремни вселенски услови. Најчесто овие мисии имаат тежок и напорен распоред, тренинзи и подготовки, но и многу научни експерименти. Астронаутите се лишени од нормалниот живот, а екипажот кој се состои од само неколкумина го одржува целото живеалиште. На овие мисси се тестираат хардверските лимити на опремата, оперативните способности на целото живеалиште, се вршат многу експерименти, и се тестираат лимитите на издржливост на екипажот.

* Која е точно целта на мисијата? 

- Многу ми е драго што нашата мисија има многу истражувачки цели од партнери со кои што живеалиштето соработува. Тоа е главниот фокус на истата, но се тестираат и нашите психофизички способности како Аналогни Астронаути и капацитетот и издржливоста на самото живеалиште. Целото интервју на Мартина прочитајте го на Женски магазин.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре