Мас: Ќе сториме сѐ што е во наша моќ за старт на преговорите до крајот на годинава
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2020
Ќе сториме сѐ што е во наша моќ за старт на преговорите до крајот на годинава, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во обраќањето на доделувањето на наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на премиерот Зоран Заев.
Додаде дека одлучувачко ќе биде во наредните денови да се најде решение за прашањата за кои засега немаат одговори.
„Се водат интензивни разговори за одржување на првата меѓувладина конференција за време на претседателството на Германија со ЕУ. Ние и натаму ќе работиме со вас како и во изминатите денови бидејќи тоа е нашата цел јавно прокламирана за време на нашето претседателство. Од март чекаме конечно да почнат формалните преговори и настојуваме да ја одржиме првата меѓувладина конференција до крајот на годинава„, рече Мас.
Вели дека од тоа ќе зависи и кредибилитетот на ЕУ во регионот.
Мас го нарече Заев реформатор.
Бугарија веќе најави дека ќе ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.