МАСК ВЛЕГУВА СО ТЕСЛА ВО ТУРЦИЈА? Ердоган го покани да изгради фабрика за електрични автомобили, ќе прифати ли?
Објавено во: Свет 18 Септември, 2023
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го покани извршниот
директор на Tesla, Илон Маск, да изгради фабрика за Tesla во Турција, објави
Anadolu Agency на Твитер.
Ердоган му го дал предлогот на Маск за време на состанокот во Турската куќа, облакодер во близина на Обединетите нации во Њујорк, објави синоќа турската државна новинска агенција. Турскиот претседател е во САД за да присуствува на 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Маск денеска во Калифорнија треба да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а како што реќе, нивните разговори ќе се фокусираат на технологијата за вештачка интелигенција.
Маск ја најави осмата фабрика
Во август, Тесла изрази интерес за изградба на фабрика во Индија за производство на евтини електрични возила.
Тесла има шест фабрики и ја гради седмата во Мексико, во северната држава Нуево Леон, како дел од напорите на производителот на електрични автомобили да го прошири своето глобално присуство. Маск во мај изјави дека производителот на автомобили најверојатно ќе избере локација за новата фабрика до крајот на оваа година.
ФОТО: YouTube Print Screen/AAМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Кадиров: Не ми е јасно зошто би имало гужва дури и во случај на моја болест?

Азербејџан му се извини на Путин за убиството на руските војници во Нагорно - Карабах, нудат уште нешто

ПРВ ИЗВЕШТАЈ НА СЗО ЗА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК: Правилен третман на хипертензијата може да спречи 76 милиони смртни случаи

ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ЗЕЛЕНСКИ? Слабее западната поддршка за Украина

ШОК ЗА ЗЕЛЕНСКИ, ДОБРА ВЕСТ ЗА ПУТИН: Најголемиот сојузник на Киев престанува со поддршката, еве што направи „драмата со житото“

(ВИДЕО) Изгоре складиште со гориво во Сочи по напад со дрон

„ВРИЕ“ ВО ЛИБИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ: Либијците ја запалија куќата на градоначалникот на Дерна

Ким Џонг Ун конечно се врати од Русија по денови патување со оклопниот воз
