19 Декември, 2025
0.0537

„Mastercard“ го придоби „VocaLink“

Објавено во: Економија 22 Јули, 2016 16:42

Добивај вести на Viber

„Mastercard Incorporated“ склучи конечен договор за стекнување на 92,4% од „VocaLink Holdings Limited“ за близу 700 милиони фунти (околу 920 милиони долари).

Преку гаранцијската клаузула постојните акционери на „VocaLink“ имаат потенцијал да добијат дополнително до 169 милиони фунти (околу 220 милиони долари), при извршување на целите за ефикасност. Договорот подлежи на регулаторното одобрување и други вообичаени услови за склучување. Според договорот, повеќето од акционерите на „VocaLink“ ќе ги задржат 7,6% учество во капиталот во текот на најмалку три години.

Компанијата „VocaLink“ која е базирана во Лондон, управува со клучни технологиски платформи за плаќања во име на британски платните системи, вклучително:

Компанијата нуди иновативни производи со глобален потенцијал, вклучувајќи ZAPP, апликација за мобилни плаќања, што ја користи технологијата Fast ACH.

Компанијата исто така го лиценцира својот софтвер и обезбедува услуги за поддршка на клириншки активности во Шведска, Сингапур, Тајланд и САД. Во 2015 година компанијата забележа приходи од 182 милиони фунти, обработувајќи над 11 милијарди трансакции.

Оваа аквизиција забрзува за напорите на „Mastercard“ да биде активен учесник во сите видови електронски плаќања и платежни текови и да ги насочи своите услуги во корист на корисниците и партнерите. Тоа ќе му овозможи на „Mastercard“ да игра стратешка улога во платниот екосистем на Обединетото Кралство, истовремено внесувајчи иновации и „know-how“ од целиот свет назад на локалниот пазар на “VocaLink“. Резултатот ќе биде уште поголем избор при изработка и примање на плаќања од корисниците, трговците и државните органи.

„VocaLink“ ги одржува и проширува производите и услугите кои „Mastercard“ ги нуди на банките-издавачи на картички, државните органи и трговци, како ги приближува до крајниот корисник. Ова ќе биде првата вистинска комбинација од традиционална бизнис картичка од типот „корисник-трговец“ и клириншки бизнис. Се очекува ова партнерство да создаде дополнителни можности за намалување на користењето на готовина и чекови во бизнисот, државните и општинските, како и лични плаќања.

„Mastercard“ очекува договорот да биде со ефект на намалување на вредноста на акција за период до 24 месеци по нејзиното завршување. Друштвото во моментов проценува дека ако договорот биде завршен во почетокот на 2017 година, тоа ќе доведе до намалување на профитабилноста на акција со 5 центи во 2017 и 2018 година.  Ова намалување ќе се должи на поддржани нивоа на инвестиции во нови производи, на трошоците на трансакцијата и за интеграцијата на новата компанија, како и на амортизацијата на нематеријални средства.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар