26 Јуни, 2024
0.0293

МАТЕМАТИЧАР, ДОБРО ЗБОРУВА АНГЛИСКИ, А СЕ СЛУЖИ И СО РУСКИ И БУГАРСКИ - која е Славица Грковска, ја паметат и како многу ревносен пратеник

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Вечерва ќе се знае дефинитивно дали поранешната пратеничка Славица Грковска, ќе стане новиот вицепремиер во Владата на Димитар Ковачевски за борба против корупцијата, место кое сега го држи Љупчо Николовски. 

Оваа функција беше воспоставена по парламентарните избори во 2020 година.

Дел од медиумите веќе објавија дека поранешната пратеничка на СДСМ, Славица Грковска ќе биде новата вицепремиерка за борба против корупцијата. СДСМ за вечер го свика Централниот одбор, на кој треба да биде дефиниран списокот со членови на новата влада, а потоа да биде испратен во Собранието.

Медиумите ја паметат Славица Грковска од времето на нејзиниот пратенички мандат од редовите на СДСМ. Таа важеше за доста одговорен, сериозен и ревносен народен избраник. 

Што стои во биографијата на Славица Грковска. 

Таа е родена на 27 јули 1970 година во Скопје и е Македонка. Дипломирала на Природно математички факултет во Скопје. Магистер е по математички науки. Помлад асистент по математика на Институтот за математика при Природно-математички факултет. Добро зборува англиски, се служи со руски и бугарски јазик. Живее во Скопје.

За време на нејзиниот пратенички мандат имала и значајни собраниски активности. 

Во Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, била заменик претседател, потоа член на Комисија за европски прашања, член на Комисија за образование, наука и спорт, заменик претседател на Делегацијата на Собранието во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, претседател на Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Француската Република, член на Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Израел, како и координатор на Клубот на пратенички, од март до септември 2010 година.

Од новинарските текстови кои можат да се најдат за Славица Грковска, може да се прочита дека таа од нејзините колеги била посочена како една од најревносниоте пратенички. Таа не само што ги читала речиси сите закони, туку и секогаш доаѓала подготвени за седница, а и често барала компаративни анализи со други држави за слични закони.

Фото: Фејсбук

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала