МАЖ ЈА НАПАДНАЛ СРПСКАТА АМБАСАДОРКА ВО МАДРИД: Постојат сомнежи дека напаѓачот е со албанско потекло
Објавено во: Балкан 09 Септември, 2024 07:46
Маж во центарот на Мадрид вчера ја нападнал амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац.
Нападот се случил на улицата каде што живее амбасадорката. Таа се здобила со повреди на грбот. Од изјавите на присутните сведоци се сомнева дека, според неговиот говор, се работи за лице со албанско потекло.
Веднаш по нападот, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ објави дека амбасадорката Шарац се соочила со напад во шпанската престолнина.
„Најостро го осудувам физички напад врз амбасадорот Шарац во центарот на Мадрид. Бараме од сите власти целосна истрага и одговорност за овој невиден инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја“, изјави шефот на српската дипломатија.
Односите меѓу Србија и Косово никако да се стабилизираат.
Фото: МНР на СрбијаМожеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




