„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите
Објавено во: Стил 07 Април, 2025 10:30
Весна Петрушевска викендов направи реконструктивна операција на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, по мастектомијата поради рак на градата.
По операцијата Весна, задоволна од третманот таму, се огласи на Инстаграм.
„Денес оваа врвна докторка (д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска) ме оперираше... Вие немате поим каков е овој оддел за пластична реконструктивна хирургија – фантастични!
А, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, која воедно е и директорка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е жена ‘змај’. Длабок поклон.
Пациентите од Кочани ги држат како капка на дланка“.
По операцијата Весна на стори сподели подароци кои ги добила од свои блиски пријатели, и кои за неа биле многу пријатно изненадување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





