19 Декември, 2025
0.0620

МЕДИУМИ: Како седмата сила остана без моќ

Објавено во: Економија 04 Мај, 2016 08:22

Добивај вести на Viber

Со изјава пред затвоорт Шуто Оризари, Здружението на новинари по повод Светскиотд ен на слободата на медиумите, соопшти: „Новинарите се затвараат, се тепаат, заплашуваат, прислушкуваат, етикетираат и се дискредитираат со единствена цел да не говорат за злоупотребите на власта. Медиумите поради корупциските врски со власта, станаа пропагандна машинерија за манипулација со граѓаните“. Токму во затворот Шуто Оризари од 27 април во притвор се наоѓа новинарот Зоран Боќиновски кој од Србија беше испорачан во Македонија како осмничен во случајот “Шпиун“. Што се случи со медиумите .. На Светскиот ден на слободата на медиумите, дел од невладините oрганизации потсетуваат на настаните и случаите кои ја “потонаа“ слободата на медиумите. Како дел од тој амбиент, од невладината “Цивил“ потсетуваат на затворањето на А1 телевизија заедно со трите дневни весници „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, ноќта на 26 ноември 2010 година. Меѓудругото го наведуваат и следново: “На кобниот 24 декември 2012, новинарите беа грубо исфрлени од галеријата на Собранието на РМ, по што следеше и исфрлувањето на пратениците од опозицијата, преседани невидени во поновата историја на Европа, со што грубо беа прекршени Уставот и повеќе закони. Новинарот Томислав Кежаровски беше прогонуван и затворен две години само поради тоа што ја извршуваше совесно својата новинарска должност – да ја известува јавноста. Уредникот и сопственик на единствениот независен политички неделник „Фокус“ загина во сообраќајна несреќа под крајно сомнителни околности.“, велат од Цивил. Како дел од амбиентот на пристисок и уцена и масовното прислушување десетици новинари и јавни личности , сметаат од невладиониот сектор кој ги нотира и физичките напади врз новинарите, како оној кога Саше Ивановски беше физички нападнат од потпретседателот на Владата Владимир Пешевски. Новинарите за новинарството .... Тоа што политиката и политичарите им кројат капа на медиумите – е сериознен симптом дека имаме сериозен проблем со медиумите, оценува новинарот Љубиша Становиќ. „Во време кога медиумите, кај нас, се дел, односно предмет на политички договор, недвосмислено се потврдува дека постои сериозен проблем со слободата на медиумите. Токму поради детектираниот проблем, беспредметно е да се говори дека во Македонија не постои слобода на медиуми. Ние сме сведоци дека секоја година само го констатираме падот на слободата на медиумите, слободата на новинарското изразување, притисоците, цензурата и на крајот и автоцензурата. Власта во Македонија, само декларативно, се залага за слобдни медиуми, а во суштина продолжува со задушувањето на слободата, а тоа задушување од ден на ден е се побрутално и пожестоко. Со ваквото однесување на власта не може, и во годините кои следат, да се очекува прогрес во смисла на ослободување на медимуте“ - вели Станковиќ. Жално е што земја, која се наоѓа во срцето на Европа, се соочува со сериозно назадување во слободата на говорот и притисоци врз медиумите, вели новинарот и уредник Сеад Ризвановиќ. “Со оглед дека овој ден на слобода на медиуми, го дочекавме со оценка, дека веќе и официјално не сме слободна земја, можеби е благо да се каже дека имаме назадување во слободата на говорот. Мислам дека ние веќе не сме свесни дека живееме во држава која наликува на латино - американските диктатури, африканските пропаднати општества или азиските автократии. Жалосно е што ваква црна слика постои во земја која географски и цивилизациски се наоѓа во Европа, и се надевам и посакувам дека барем сме го допреле дното, за следниот 3 Мај, да можеме да кажеме дека барем работиме на расчистување на досегашната штета“, вели в.д главен и одговорен уредник на 24 Вести, Сеад Ризвановиќ. Медиуми: слободата како услов за демократија По повод Светскиот ден за слободата на медиумите со став излезе и Советот за етика во медиумите на Македонија, СЕММ од каде потсетуваат дека професионалното новинарство е суштински елемент за функционална демократија и остварување на интересот и правата на граѓаните за пристап до вистинити и објективни информации. “Независноста во новинарската дејност, освен што опфаќа автономија на новинарите и ослободеност од политички и бизнис влијанија, подразбира постоење и поддршка на механизмите на саморегулација и задоволителен степен на професионална автономија. Во Декларацијата од Виндхук, од чие усвојување годинава се одбележуваат 25 години, се наведува дека независноста се препознава во практикувањето на етиката во новинарството и во моќта на професионалните новинарски и медиумски организации во општеството. Трите клучни елементи на Декларацијата од Виндхук продолжуваат да бидат важни аспекти во работењето на медиумите, покривајќи ги слободата, плурализмот и независноста на сите медиумски платформи“, велат од СЕММ. Во Македонија слободата на новинарите е гарантирана и обезбедена со законите, а ограничувана во праксата, оценува Македонската асоцијација на новинари. Ограничувањата, според МАН, се определени од партиските интереси и насилство кои не се санкционирани. Од МАН прстот го вперија во опозициската СДСМ. “Само во 2016 година партијата СДСМ, преку нивни активисти и припадници на невладините организации на Сорос фондацијата извршиле повеќе од десет физички напади врз новинари и упади/кршења на редакции, а ниту еден од тие случаи не е ниту во судска постапка, ниту е санкциониран, се посочува во соопштението. За потреби на една политичка опција легитимирана во СДСМ и фондацијата на Сорос во Македонија преку нивни медиуми и портали“ - се вели во соопштението од МАН од каде упатуваат на тоа дека перманентно се врши заплашување, притисок, закани и навредување на новинари и редакции кои не се под нивна контрола. Во последниот извештај на Фридом хаус беше наведено дека во 2015 година од 199 земји и територии во светот, една третина имаат слободни медиуми, додека во 66 отсто од нив, нема слободни медиуми, меѓу кои и Македонија. Светскиот ден на слободата на медиумите е прогласен од генералното собрание на ОН во 1993 година. Бан Ки-мун: “Ограничувањата на слободата на изразување ставаат окови на напредокот“ Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун по повод Светскиот ден на слободата на медиумите изјави дека е многу загрижен поради „се поголемото рестриктивно окружување“ во кое се наоѓаат медиумските работници во многу држави и повика на заштита на независните и слободни медиуми. “Ограничувањата на слободата на изразување ставаат окови на напредокот. На Светскиот ден на слободата на медиумите, ги повикувам владите, политичарите, бизнисмените и граѓаните да се обврзат дека ќе ги чуваат и штитат независните и слободни медиуми. Без тоа основно право луѓето се помалку слободни. Со него, можеме заедно да работиме за свет достоинствен и со можности за сите, нагласува Бан во соопштение. Тој додаде дека човековоте права, демократските општества и одрживиот развој зависат од слободниот проток на информации, а правото на информирање од слободата на медиумите. “Медиумите, вклучително и се повеќе новите он-лајн/интернет медиуми, ни служат како наши очи и уши. Ние сите имаме корист од информациите кои ни ги даваат“ - оценува Бан. Генералниот секретар на ОН истакна дека слободните, независни и безбедни медиуми окружувања се од клучно значење. Тој потсетува дека оваа година Светскиот ден се совпадна со „три големи пресвртници“ односно – усвојувањето на првиот закон за слобода на информрање во светот на територија на Шведска и Финска пред 250 години како и усвојувањето на Виндхок декларацијата за принципите на слобода на печатот пред 25 години.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд