05 Декември, 2025
0.0601

Медиумите ќе објават војна на новата давачка за емитување музика!

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2012 20:00

Добивај вести на Viber

Во Битола избран Управниот одбор на Здружението на  приватните медиуми во Македонија ЗПММ во кој членуваат членови од скоро сите региони во државава. Во текот на следнава недела, преставниците на ова здружение ќе се обидат да остварат средба со министерка за култура, под чиј ресор е издавањето на лиценцата на здружението ММИ кои ќе врши наплата на сродните колективни авторски права. Освен ова, ЗПММ сака да се сретне и со челните луѓе од  Советот на радиодифузија за да ги запознае со проблемите со кои се соочуваат во оваа тешката економска состојба пред која се исправени. Првиот председател на ЗПММ, воедно главен и одговорен уредник на  Супер радио Сашо Митаноски од Охрид изјави: Она што сите заедно мора да го направиме е да го кренеме гласот против неоправданите трошоци кои во последно време им се наметнати на медиумите. Пред нас се големи предизвици кои ќе се обидеме заедно да ги надминеме. Како штo ФАКТОР веќе напиша во тек е подготовка на закон со кој заслушање на музика по нова година во Македонија ќе плаќаат сите, од радиостаници, до семкарници, хотели, кафулиња, продавници… Се размислува во оваа давачка да бидат вклучени дури и објектите на МПЦ, бидејќи и кај нив се слуша музика. Здружението на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ (Македонска Музичка индустрија), ја доби лиценцата од Министерството за култура за колективно управување на сродните права на произведувачите на фонограми и на уметниците музички изведувачи, во согласност со Законот за авторското право и сроднитe права. Здружението наскоро ќе започне со прибирање на парични надоместоци од сите корисници кои јавно пуштаат музика во РМ, а со цел правилна распределба и надокнада за искористувањето на музиката во делот кој им припаѓа на фонограмските продуценти и музичките изведувачи. Се очекува законот да биде заокружен најдоцна до Нова година, по што тие дури и без потпишани договори, ќе може да започат со наплата. Како корисници се јавуваат различни категории од медиуми, до угостителски објекти, козметички салони, па дури и мали продавници и семкарници. Секаде каде музиката ќе се слуша јавно, ќе постои обрска за наплата на оваа давачка. Здружението на приватните медиуми ќе биде исправено пред силен предизвик, како да се бори против новите законски решенија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања