Добивај вести на Viber
Според податоците на Rosstat, статистички завод на Руската Федерација, увозот на јаболка од Србија оваа сезона е намален за повеќе од 2,5 пати во однос на претходната.
Така за девет месеци од крајот на 2012-та и почетокот на 2013 година од оваа земја во Русија е извезено 31.000 тони, што е драстично намалување.
Претходните години Србите на Русија и имаат плсирано и до 80.000 тони јаболка.
Поради овој пад Србија е послабо пласирана, односно за две места на листата на земји од кои Русија увезува најмногу јаболка и сега зазема шеста позиција, пренесуваат руските медиуми.
На почетокот на март објавено е дека Русија би можела да го запре увозот на јаболка од Србија, бидејки службата за контрола на земјодлески производи, открила дека околу 60 тони од ова овошје содржи превисоко ниво на пестициди.
Премиерот на Русија Димитри Медведев поради тоа им порача на трговците дека увозот на земјоделските производи не е секогаш прифатлив ни по цената ни по квалитетот на призводите.
-Некои испореки се едноставно опасни па здрвајето, поради високите количини на пестициди и нитрат. Последен пример беа јаболката од Поласка и Србија, изјавил Медведев.
Инаку Русија во 2009-та година има увезено 145 тони јаболка со преголема количина на пестицид, а во 2011 околу 77 тони.