16 Јуни, 2025
0.0253

Медведев вели дека Русија ќе ги прошири своите воени планови ако Западот испраќа оружје во Украина

Објавено во: Свет 13 Јуни, 2022 17:05

Добивај вести на Viber

Русија ги предупреди САД да не испраќаат оружје во Украина. 

Дмитриј Медведев, заменик-началник за национална безбедност и поранешен претседател на Русија, вели дека пристигнуваат „јавачите на апокалипсата“ и со тоа ги предупреди САД да не испраќаат повеќе оружје во Украина. Соединетите Американски Држави неодамна одлучија да испратат повеќецевни ракетни фрлачи „HIMARS“ на украинската армија. Според Медведев, Западот е лицемерен. 

Медведев им се закани на сите западни сили, пред се на САД, да престанат да испраќаат оружје во Украина, во спротивно ќе следи „тотален напад“ од Русија. 

„Често ме прашуваат зошто моите објави на Телеграм се толку строги и брутални. Одговорот е – затоа што ги мразам. Мразам секој што шири лаги против Русија. Сакаат смрт за Русија и јас ќе направам се таквите луѓе да исчезнат“, изјави Медведев.

Тој додаде дека Русија е подготвена да ги прошири своите воени планови доколку продолжи масовната испорака на оружје за Украина.

„Клучните задачи се денацификација и демилитаризација, но тоа не може да се постигне само со борба на фронтот. Ова се прави за доброто на идните генерации со цел да се создаде слободна евроазиска зона, од Лисабон до Владивосток. Аналитичарите на НАТО и Европската унија постојано тврдат дека ние им се закануваме на сите со нуклеарни проектили и тоа го презеде врвот на агендата против Русија. И секако Европејците се најгласни во тоа. Во контекст на западната војна против Русија, сакам да нагласам дека апсолутно на сите им е јасно за што се работи“, заклучи Медведев.

Украина да одлучи колку територија е подготвена да жртвува за мир, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

Тој изјави дека Алијансата предводена од САД има за цел да ја зајакне позицијата на Украина на преговарачката маса, но додаде дека секој мировен договор ќе вклучува компромиси, вклучително и територија. Според него, мирот е можен. 

Досега многу европски земји и САД донираа оружје за Украина. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ УДАРИ ОД ИРАН: Аеродромот во Тел Авив e во пламен

(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ УДАРИ ОД ИРАН: Аеродромот во Тел Авив e во пламен

НЕСРЕЌА СО БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА: Eден човек загина

НЕСРЕЌА СО БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА: Eден човек загина

(ВИДЕО) РУСИН ГИ ИЗГУБИ ДВЕТЕ НОЗЕ ВО УКРАИНА: Сепак влечеше вагон тежок 24 тони, погледнете го ова чудо

(ВИДЕО) РУСИН ГИ ИЗГУБИ ДВЕТЕ НОЗЕ ВО УКРАИНА: Сепак влечеше вагон тежок 24 тони, погледнете го ова чудо

САТЕЛИТСКИ СНИМКИ: Еве какви штети има во Иран

САТЕЛИТСКИ СНИМКИ: Еве какви штети има во Иран

(ВИДЕО) ПУТИН ОТКРИ ДЕКА ИМАЛ МАЛ ПРОБЛЕМ СО ОЧИТЕ: Раскажа за што точно се работи

(ВИДЕО) ПУТИН ОТКРИ ДЕКА ИМАЛ МАЛ ПРОБЛЕМ СО ОЧИТЕ: Раскажа за што точно се работи

ИЗРАЕЛ ДО ИРАНЦИТЕ: Ако живеете во близина на иранските воени објекти, заминете за да ги заштитиме вашите животи

ИЗРАЕЛ ДО ИРАНЦИТЕ: Ако живеете во близина на иранските воени објекти, заминете за да ги заштитиме вашите животи

ЕРДОГАН ДО СИРИЈА: Не се мешајте во конфликтот меѓу Израел и Иран

ЕРДОГАН ДО СИРИЈА: Не се мешајте во конфликтот меѓу Израел и Иран

(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

(ВИДЕО) ИРАН ИЗВРШИ НАПАДИ НА ИЗРАЕЛ: Има загинати, а меѓу нив и деца

(ВИДЕО) ИРАН ИЗВРШИ НАПАДИ НА ИЗРАЕЛ: Има загинати, а меѓу нив и деца