Меѓаши бара итни мерки за загадениот воздух - Децата се во најголем ризик
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2017 16:45
Правата детска амбасада Меѓаши апелира итно да се преземат мерки за намалување на загадениот воздух од кој директно се загрозени децата, особено додека се во развој поради штетните влијанија. Загадениот воздух е еден од најголемите фактори за смртност кај децата и тоа мора веднаш да се спречи.
Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно. Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото.
Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Децата се најосетливата група на сите загадувања од животната средина „пред сè затоа што имаат организам во развој, затоа што имаат позабрзано дишење и поголема глад за воздух од возрасните и затоа што се немоќни што било да сменат. Значи ги чекаат нашите акции и политики. Така што, бројни се последиците од аерозагадувањето по разни делови на организмот, а кај децата фокусот е врз белодробниот систем“ - доктор Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје.
Децата се почувствителни од возрасните на внатрешно и надворешно загадување на воздухот, бидејќи нивните бели дробови, мозокот и имунолошкиот систем сè уште се развиваат, а нивниот респираторен тракт е попорозен. Исто така, малите деца дишат побрзо од возрасните и вдишуваат повеќе воздух во однос на телесната тежина.
Истражувањето Прочистете го воздухот заради децата (УНИЦЕФ), укажува дека загадувањето на воздухот е важен фактор за смрт на речиси 600.000 деца помлади од пет години секоја година и е закана за животите и иднината на милиони секој ден.
„Загадувачите не само што им штетат на детските бели дробови во развој - туку всушност ја преминуваат границата меѓу крвта и мозокот и трајно го оштетуваат детскиот мозок во развој - па така, и детската иднина. Ниту едно општество не смее да си дозволи да го игнорира загадувањето на воздухот.“
ОД НАС, ВОЗРАСНИТЕ, ЗАВИСИ ДАЛИ ЌЕ ГИ СПАСИМЕ ДЕЦАТА. НО КАКО?
КОЈ ЌЕ ЈА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА СМРТНОСТА НА ДЕЦАТА ОД ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ?
БАРАМЕ ИТНО ПРЕЗЕМАЊЕ СООДВЕТНИ МЕРКИ ОД НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ!!!
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




