05 Декември, 2025
0.1360

Мексико, нова сила на хоризонтот

Објавено во: Анализа 13 Октомври, 2013 09:33

Добивај вести на Viber

Кованицата БРИКц е измислена во САД во 2001 година. Денеска веќе секој знае дека позади неа стојат Бразил, Русија, Индија и Кина, големите економии во надоаѓање. Кина веројатно идната најголема економија во светот, гледано номинално. Од таа 2001 година до денеска безрите во овие економии пораснаа повеќе од 400%. Голем број на фондови од САД ги насочија парите токму таму.

Сепак соседната држава на САД, Мексико во тој период забележе уште поголем резултат. Цените на акциите на берзата, те индексот од таа 2001 година до денеска е пораснат феноменални 650%. Одредени играчи и фондови на берзите собраа храброст, инвестираа кај соседот и пројдоа одлично. Постојаните борби со нарко картелите секако се главен страв за секој што сака да инвестира во Мексико, но доколку се погледнат макро податоците сепак ќе се дојде до заклучок дека земјата води стабилна буџетска политика, отворена е спрема инвеститорите и покажува високи стапки на раст. Поради блискоста до САД, Мексико е и атрактивен за инвеститори од САД. Иако е тешко да се каже, доколку не сте таму, сувите податоци говорат дека за разлика од Аргентина која национализира компании, Мексико подобро се снаоѓа во време на економска криза. Сепак отвореноста за соработка со странски компании на полето на експлатација на нафта кај многумина не наидува на одобрување. Аргентина национализира вакви типови на компании сметајќи дека нафтата е национално богаство. Во прилог на овие тези е и искуството кое го имаат латино земјите со влијанието на САД. Сепак претседателот Пења останува силен сојузник на САД и смета дека економијата треба да биде отворена за сите и дека неговат земја има корист од соработката со САД а посебно на тоа што е членка на НАФТА трговска зона (во која членуваат САД, Канада и Мексико). Дека пазарната ориентација се исплати покажува и податок дека Мексико успеа да продаде 100 годишна обврзница која вреди 1 милијарда долари. Оние кои се про претседателот велат дека тоа е голема верба во Мексико. Оние другите пак се на мислење дека во економија која тежи над еден трилион тоа е само капка во морето и не значи ништо. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени