Меморандум за прекугранична хармонизација на фреквенции меѓу Македонија и Косово
Објавено во: Економија 23 Мај, 2013 11:37
Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија и Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации на Република Косово потпишаа спогодба за прекугранична хармонизација на фреквенции со која ќе се избегнат проблемите со присутноста на сигнали на ГСМ-УМТС 900 и 1800 фреквенциски подрачја од операторите на мобилна телефонија од косовска територија на територијата на Република Македонија и обратно.
Спогодбата, како што соопштуваат од Агенцијата за електронски комуникации, ја потпиша вчера директорот Роберт Орданоски.
Во соопштението се посочува дека целта на оваа хармонизација е да се утврдат принципите, техничките одредби и административната постапка потребни за регулирање на заедничко распоредување на ГСМ/УМТС мрежите и опсезите во граничните подрачја која беше иницирана од досегашната прекугранична интерференција на фреквенциите на операторите од двете страни.
Пред потпишувањето, Спогодбата е презентирана пред операторите кои се согласиле за преземање активности во насока на почитување на принципите за планирање на фреквенциите и нивна координација утврдено според препораките на Меѓународната унија за телекомункации. Координацијата на фреквенциите на граничните подрачја е неопходна за да се обезбеди ефикасно користење на спектарот и еднаков пристап до спектарот во граничните подрачја
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




