20 Декември, 2025
0.0796

Менаџерите не се раѓаат како лидери, лидерството се учи-заврши натпреварот во бизнис студија на случај 2015

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2015 10:50

Добивај вести на Viber

Тимот на Адриатик група е победник на натпреварот во бизнис студија на случај 2015 во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент Наградата за победничкиот тим е учество на еден од изборните МБА курсеви во ИЕДЦ-Блед школа за менаџмент. Победниците ќе ги измерат силите против победничките тимови од другите држави во Глобалниот натпревар на ИЕДЦ за студии на случај (Хрватска, Словенија, Србија, Молдавија, Бугарија и Романија). DSC_0681 (1) Наградата ја додели Н.Е. Бранко Раковец, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија кој им честита на победниците и ја поздрави оваа иницијатива на ИЕДЦ Алумни клубот Македонија. Амбасадорот Раковец истакна дека ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент важи за една од најдобрите и е успешен пример за повеќе децениско создавање на врвни менаџери од целиот регион. Претседател на жирито за доделување на наградата беше Дани Спиро, реномирани професор и декан за образование на  Менаџмент институтот Jack Welch при универзитетот Strayer. Професорот Спиро по доделувањето на наградата истакна: „Импресиониран сум колку искрено сите го прифатија предизвикот и колку сите учесници беа полни со натпреварувачки дух. Тимовите сериозно го сфатија натпреварот и напорно работеа со цел да победат. И навистина работата на сите тимови беше одлична. Многу беше тешко за нас, како членови на жирито, да одбереме еден тим што ќе победи на крајот, затоа што презентациите беа многу добри, а разликите суптилни“. На натпреварот учествуваа и тимови кои ги претставуваа компаниите ОНЕ, Кроација осигурување, НЛБ Тутунска банка, како и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии