Менаџерски синдром/Burn-out синдром– болест на модерното време!
Објавено во: Стил 25 Април, 2019 10:17
Менаџерски синдром кој се јавува како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место.
Модерниот човек честопати, под притисок на секојдневните обврски, несвесно влегува во повторливо погубно сценарио: рано станување, брзање, подготовка за на работа, носење на децата во градинка/училиште и константна стресна трка со времето што на крајот од денот резултира со сериозни здравствени нарушувања. Во науката е опишан т.н. менаџерски синдром кој се јавува како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место. Првобитно се сметало дека од овој синдром најчесто патат луѓе на раководни позиции, бизнисмени, хирурзи, авио-контролори, берзантски брокери и други луѓе под силен и континуиран психофизички притисок. Сепак денес терминот менаџерски синдром го вклучува и т.н. burn-out синдром (синдромот на прегорување) и се однесува на сите оние кои не успеваат да се изборат со секојдневната борба со обврските и времето.Ризик фактори за појава на т.н.менаџерски синдром:
- Канцелариска работа и долг временски период поминат во столица или во автомобил.
- Недостаток на физичка активност (под изговор дека немаме време?!?).
- Продолжено работно време – 10 и повеќе часови дневно.
- Преоптовареност со обврски, мултитаскинг (вршење повеќе работи истовремено) .
- Лоша организација на работното место и постојана „итност“ во решавање на проблемите.
- Континуиран притисок за остварување на продажни таргети.
- Бројни и долготрајни стресни состаноци.
Симптоми на менаџерскиот синдром:
- Психички нарушувања како резултат на континуираниот стрес: расеаност, раздразливост, напнатост, хиперактивност, анксиозност и несоница. Последиците се исцрпеност, чувство на неценетост, незаинтересираност за работата и домот, повлекување и депресија.
- Зголемена телесна тежина, покачен холестерол и крвен притисок, како резултат на седечкиот начин на живот и лоша и прекумерна исхрана.
- Срцеви тегоби: срцебиење и аритмија, како резултат на прекумерен внес на кофеин, продолжениот стрес и неквалитетниот сон.
- Проблеми со ‘рбетот (искривување, дископатија, дискус хернија итн.) поради долгото и неправилно седење. Ова е пропратено со силна болка во половината или вратот, намалување на подвижноста, вртоглавици, невралгични болки итн.
- Пад на имунитетот и подложност на инфективни болести.
Прочитајте: Зуење во ушите - прв симптом на губење на слухот!
Доколку се препознавате во опишаниот профил или веќе имате некој од горе споменатите симптоми важно е веднаш да преземете одредени чекори како би избегнале драматично нарушување во квалитетот на вашиот живот.
- Организирајте се и направете листа со приоритети! Делегирајте дел од прекумерните обврски на вашите колеги или други членови од семејството!
- Не оставајте незавршени работи, тоа е најкраткиот пат до мирен сон!
- Најдете време за себе! Одберете повторливи термини во текот на денот/неделата кои се за вашето хоби и јасно информирајте ги за своето отсуство вашиот партнер/пријатели/колеги.
- Најдете време за физичка активност! Физичката активност е „убиец“ на стресот!
- На секој час поминат во седечка положба, движете се барем 5 минути. Наместо во канцеларија испијте го вашето кафе надвор!
- Одберете термин за одговарање на пораки! Вие контролирајте го времето а не тоа вас!
- За време на семејниот ручек или во вечерните часови задолжително исклучете го вашиот мобилен телефон! Почитувајте ги блиските и себеси!
- После тежок состанок, земете 5 минути за себе, дишете длабоко и ослободете се од непријатните мисли.
- Релаксирајте го вашиот мозок и тело пред спиење. Прочитајте дел од омилената книга, направете за себе топла купка и исклучете ги сите светла. Доколку и ова не ви помага за заспивање користете природни производи на база на мелатонин, валеријана и маточина. Тие ќе Ве опуштат и припремат за мирен целовечерен сон!
Извор: http://pharmanews.mk
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





