05 Декември, 2025
0.0301

„МЕПСО“ донира 150.000 евра за електрификација на три села во општина Конче

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2013 14:34

Добивај вести на Viber

Радовишките села Долни Радеш, Дона Враштица и Горна Враштица се електрифицираа и добија напојување со електрична енергија. Изградбата на далноводот и електроенергетската мрежа е инвестиција во вредност од 9,2 милиони денари (околу 150.000 евра) и средствата се обезбедени со донација од Македонскиот електропреносен систем-оператор А.Д. МЕПСО.

Македонскиот електропреносен систем-оператор „А.Д. МЕПСО“ М-р Синиша Спасов, генералниот директор на „А.Д. МЕПСО“ и Благој Јованов, градоначалникот на општина Конче денеска со симболично вклучување на далекуводот го означија почетокот на електрификацијата на трите села во општина Конче, во близина на Радовиш.

Оваа донација е обезбедена во рамки на платформата за општествено одговорни политики на „А.Д. МЕПСО“ со која се електрифицирани три села во општина Конче, кои се близина на мантовското езеро.

- Горди сме што можеме преку политиката за општествена одговорност на „А.Д.МЕПСО“ да дадеме помош и поддршка таму каде што е повеќе од потребна. Да создадеме позитивни и корисни практики и да дадеме пример, да ја вратиме подзаборавената вредност – да се помага. Верувам дека во иднина кога ќе дојдеме на ова место ќе најдеме поголема благосостојба, посилна локална економија: сточарство, селски туризам. Дозволете ми во оваа пригода да се заблагодарам на Владата на Р.М. која беше иницијатор за реализација на овој проект со кој се овозможува македонските села да го вратат своето значење во националната економија и во општествениот живот воопшто, изјави м-р Синиша Спасов, генерален директор на „А.Д.МЕПСО“.

Донацијата беше одобрена, од менаџментот на „А.Д. МЕПСО“ по препорака на Владата, со цел преку електрификацијата да се подобрат условите за живот, за развој на земјоделството, сточарството и на селскиот и на езерскиот туризам на бреговите на вештачкото езеро „Мантово“.

Решавањето на инфрастуктурните услови преку електрификација ќе овозможи овој реон да заживее и да се создадат услови за егзистенција и за инвестиции во сточарство и земјоделство.

Изградбата на далновод во должина од 2.754 метри и три трафостаници ќе овозможи развој на овој дел од општината и  зголемување на интересот за враќање на голем дел мигрирани семејства од соседните општини кои располагаат со сопствен имот и објекти на територијата од истите населени места.

Големи придобивки се можноста за рурален туризам и за развој на  туристичката езерска населба ,,Мантово“. „Дозволете да изразам голема благодарност до Владата и до „МЕПСО“ за драгоцената поддршка за развој на нашата општина“,потенцираше Благој Јованов, градоначалник на општина Конче.

Договорот за донација помеѓу А.Д. МЕПСО и општина Конче беше склучен во септември 2011 година, а реализацијата на проектот и приклучувањето на дистрибутивната мрежа на „ЕВН“ е завршено во 2013 година.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите