16 Мај, 2024
0.0260

МЕПСО ја модернизираше трафостаницата Кавадарци

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Монтирани и инсталирани се нови прекинувачи, разделувачи и изолаторски вериги со што е заменет системот за управување со пневматски погон кој беше во функција од 1967 година

МЕПСО ја замени опремата што беше во функција повеќе од педесет години и  ја заврши модернизацијата на трансформаторската станица „Кавадарци“. Монтирани се и ставени во погон нови разделувачи на сите осум полиња во трафостаницата и заменет е системот за управување со пневматски погон кој беше во функција од 1967 година.


Со модернизацијата сите елементи ќе се управуваат со систем на  електромоторен погон. Освен нови разделници монтирани се и прекинувачи за три полиња, нови изолаторски вериги во целата постројка, нови фундаменти на елементите од примарната опрема и нови кабли за сигнализација и управување со елементи од постројката.


Вкупната инвестиција во нова опрема е околу 260.000 евра, а сите работи за монтажа на елементите ги изведоа стручни лица од МЕПСО. Со овие активности се монтирани 23 разделувачи, 3 нови прекинувачи, изолаторски вериги и друга додатна опрема. Модернизацијата на трансформаторската станица  започна во мај 2017 година и траеше 2 години.


Трафостаницата „Кавадарци“ е најважниот електроенергетски објект во преносната мрежа за снабдување со квалитетна електрична енергија на тиквешкиот регион. Преку оваа трафостаница со електрична енергија се снабдува целото население во кавадаречкиот регион и целата индустрија (освен ФЕНИ кој има и сопствена трафостаница). Од системски аспект оваа трафостаница е значајна зашто е поврзана со трафостаницата „Дуброво“, хидроцентралата „Тиквеш“, а го поврзува Кавадарци со Велес и со Прилеп. Новата опрема овозможува доверлива и сигурна работа за идните триесетина години и справување со сите идни предизвици кои може да дојдат со зголемената потрошувачка на електрична енергија. Во оваа трафостаница наскоро треба да се поврзе и индустрискиот капацитет ИГМ Кавадарци, а новата опрема ќе ги сведе на минимум и ризиците од дефекти и трошоците за одржување на опремата.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“