МЕПСО ќе гради нови 122 километри далноводи
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2013 14:55
Со склучување договори со најдобрите понудувачи за изградба на два далновода, МЕПСО денеска почнува инвестициски циклус од 13,22 милиони евра за изградба на 122 километри нови далноводи.
Како што соопшти компанијата, шведската ЕЛ ТЕЛ Нетворк ТЕАБ во конзорциум со српската компанија „Енергомонтажа“ од Белград ќе го гради новиот 400 KВ далновод од Штип до македонско српската граница. За вториот проект изведувач на реконструкцијата на 110 КВ далновод Скопје-Југохром-Тетово ќе биде конзорциумот од српските компании „Енергомонтажа“ и „Монтпроект“ од Белград.
Новиот интерконективен далновод ТС Штип-македонско-српска граница е со должина од 70 километри, ќе биде поставен на 168 челично-решеткасти столбови, со инвестициска вредност од 9,7 милиони евра. Финансиската конструкција е обезбедена од сопствени средства на МЕПСО А.Д. како и од кредитна линија од Светската банка. Рокот за изградба е 17 месеци.
Реконструкцијата на 110 KВ далновод Скопје-Југохром-Тетово опфаќа 180 столбови на траса долга 52 километри. Овој проект, како што наведуваат во соопштението, значајно ќе го зголеми пропусниот капацитет на далноводот со што ќе ја подобри доверливоста на системот во конзумното подрајче на Скопје и на Полог, ќе ги подобри напонските прилики и ќе ги намали загубите на преносната мрежа. Инвестициската вредност на проектот е 3,56 милиони евра и е кофинансирање од сопствени средства на МЕПСО АД и од кредитна линија од Светската банка.
Конзорциумот составен од „Енергомонтажа“ и „Монтпроект“ реконструкцијата треба да ја заврши во рок од 13 месеци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





