19 Декември, 2025
0.0377

МЕПСО ќе плаќа најевтина струја! Кој e снабдувачот со струја кој даде понуда што не се одбива?

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2025 08:10

Добивај вести на Viber

ЕСМ Продажба даде братска понуда за да го снабдува со струја македонскиот државен електропреносен систем-оператор МЕПСО. ЕСМ Продажба ќе наплаќа само 3,45 отсто провизија за струјата што ќе се фактурира по цена на берзата ХУПЕКС. Ова е најниската провизија досега што фирма снабдувач ја дала на клиент што купува електрична енергија на тендер. Со овој потег ЕСМ Продажба, фирма- ќерка на државниот производител ЕСМ, го превзеде приматот за снабдувач што дал најдобра односно најниска понуда за услугата снабдување со струја од почеток на 2024 година досега. Ова за нив е најдобрата, а воедно и бесплатна реклама

МЕПСО склучи договор за набавка на електрична енергија за своите потреби и за цела година ќе плати до 1,77 милиони евра. Новина е тоа што на овој тендер за снабдување со електрична енергија е постигната најниската провизија за услугата што ќе ја дава ЕСМ Продажба компанијата што го доби тендерот за снабдување со електрична енергија на македонскиот систем-оператор.

ЕСМ Продажба го доби тендерот за снабдување со провизија од 3,45 отсто кои ќе ги наплати од фактурите на струја за МЕПСО. Како и досега референтна цена за мегаватчас е цената на електрична енергија ќе се утврдува според цената на енергетската берза ХУПЕКС во Унгарија. 

Според јавно достапниот договор за снабдување со електрична енергија меѓу МЕПСО и ЕСМ Продажба, систем-операторот за снабдување со струја на својата дирекција и трафостаниците ширум земјава планира да потроши околу 5.500 мегаватчасови електрична енергија.

Повеќе детали за овој договор кој со вклучен ДДВ вреди 1,77 милиони евра има на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/aab16e90-27fa-4696-b816-c73cca210708

Тука мора да се истакне и фактот што конкурент на тендерот на ЕСМ Продажба била приватната компанија за снабдување со електрична енергија РЕС.

А токму РЕС досега го држеше приматот за најниска провизија која беше дадена на тендерот што оваа компанија го доби за снабдување со струја на Министерството за финансии. Повеќе детали на договорот на кој РЕС го доби тендерот со 3,9 отсто провизија може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/koj-prodava-najevtina-struja-na-drzavni-tenderi-vakva-ponuda-nikoj-ne-moze-da-odbie

На тендерот за снабдување со струја на МЕПСО конкурирале само овие две компании.

Н.С.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии