Кој продава најевтина струја на државни тендери? Ваква понуда никој не може да одбие!
Објавено во: Економија 06 Декември, 2024 08:15
Само два пати во последните шест месеци се случило тендер за снабдување со струја на државни институции или јавни установи да добие компанија што ќе понуди провизија пониска од 4%. И во двата случаи понудувач била истата компанија – РЕС. Најниската провизија на тендер за снабдување со струја ја доби Министерството за финансии, пред десетина дена, и таа изнесува само 3,8% . За тоа колкави можат да бидат провизиите само за споредба ќе потсетиме дека неодамна имаше тендер на кој државната компанија ЕСМ Продажба (фирма – ќерка на ЕСМ) доби тендер да продава струја на универзитетската Клиника за хематологија со провизија од 20%
Министерството за финансии ќе плаќа најниска цена за електрична енергија во споредба со сите други државни институции – буџетски корисници. Тендерот за снабдување со струја на Министерството за финансии го доби „Рењувабал Енерџи Саплај“ (РЕС) кој даде понуда што никој не може да ја одбие.
Всушност станува збор за најниска провизија што била понудена на тендерите за набавка на електрична енергија од мај наваму. РЕС во конкуренција на уште две други компании дал најниска понуда за провизија и го добил тендерот за снабдување со електрична енергија на Министерството за финансии. Провизијата што ќе ја наплати РЕС од Министерството за финансии изнесува само 3,8 отсто од цената на струјата која се пресметува според референтната берза ХУПЕКС од Унгарија.
На овој тендер е постигната најниската провизија за набавка на електрична енергија во последниве шест месеци. Претходно како што веќе сме објавиле најниска провизија за снабдување со струја добило Министерството за одбрана. Тогаш провизијата беше 3,9 отсто, а повторно снабдувач беше истата компанија – РЕС. За овој тендер повеќе детали има на следниот линк https://faktor.mk/kako-ministerstvoto-za-odbrana-go-dobi-najgolemiot-dosega-viden-popust-za-nabavka-na-struja-provizijata-e-samo-39-otsto
Што се однесува до тендерот за набавка на електрична енергија за Министерството за финансии вреди да се каже дека неговата вредност со вклучен ДДВ изнесува 384.000 евра. Договорот склучен во втората половина на ноември важи една година. Сите детали се достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/9f7a4675-2698-4596-a307-d647483c6987
РЕС е голема компанија за снабдување со електрична енергија која своето портфолио го втемелува на домашно производство на електрична енергија од обновливи извори (претежно комбинира соларна со хидро енергија). РЕС беше основана од македонскиот бизнисмен Кочо Анѓушев, признат во областа на енергетиката кој во владата за Зоран Заев беше вицепремиер за економски прашања.
Неодамна Кочо Анѓушев истапи од сопственичката структура и компанијата РЕС сега е во целосна сопственост на неговите партнери од Бугарија односно акционерското друштво „Кер токи пауер„ со седиште во Софија.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




