19 Декември, 2025
0.0791

Мепсо вложува над 50 милиони во развој на преносната мрежа

Објавено во: Економија 22 Мај, 2013 15:15

Добивај вести на Viber

Компанијата Мепсо вложува над 50 милиони евра во проекти од европскиот десетгодишен план за развој на преносната мрежа. Новите 400 kV интерконекции Штип-Ниш и Битола – Елбасан, новата 400/110 kV трансформаторска станица кај Охрид, инвестициските проекти на МЕПСО вредни над 50 милиони евра, се интегрирани во Десетгодишниот план за развој на преносната мрежа на европскиот континент TYNDP 2012 одобрен од Европската асоцијација на преносни систем оператори (ЕНТСО-Е). -Најзначајните приоритети на Мепсо се дел од европскиот „мега план“ TYNDP 2012 во кој се опфатени повеќе од 100 проекти вредни 104 милијарди евра наменти за ревитализација, надградба, модернизација или изградба на 51.500 километри далекуводи ширум европскиот континент“, ова го презентираа експертите на МЕПСО на конференцијата за предизвиците на преносната мрежа во Југоисточна Европа на советувањето на Здружението на енергетичари на Македонија , со Стопанска комора на Македонија, денеска со Скопје. -Мепсо е рамноправен член на европското семејство на преносни систем-оператори. Вложуваме во регионално важни проекти: 400 киловолтните далекуводи Штип-Ниш, Битола – Елбасан и во нова 400/110 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид. Ќе градиме 165 километри далноводи и нова трансформаторска станица инвестиции со вредност поголема од 50 милиони евра. Паралелно работиме и на проекти од национален интерес од кои позначајни се ревитализација и надградба на десетина трансформаторски станици, набавка на нов СКАДА систем и набавка на нов енергетски 400/110 киловолтен трансформатор“, истакна Синиша Спасов, генералниот директор на Мепсо. Изградба на овие далекуводи со кои Македонија ќе се поврзе со Србија и со Албанија, нова трафостаница во Охрид и ревитализација на преносната мрежа во источна, во централна Македонија и во Полог се дел од 18 приоритетни проекти на Мепсо кои произлегоа од Студија за развој на преносната мрежа во периодот 2010 – 2020 година, која експерти на Мепсо ја изработија во соработка надворешни консултанти и екперти за планирање, надградба и развој на преносни мрежи. Студијата е стратешки документ, а воедно е и инвестициско-оперативен план со конкретни рокови и суми изработен за да се задоволат сите потреби за пренос на потрошувачите и на производителите на електрична енергија до 2020 година. ТYNDP 2012 е  одговор на барањата на европската регулатива EC 714/2009, со што од ENTSO-E беше побарано да се изработи сеопфатен Десетгодишен план за развој преносната мрежа . Планот идентификува инвестиции за реконструкција и надградба на мрежата со вредност од 104 милијарди евра и должина од околу 51,500 km низ цела Европа. Проектите, кои се над 100 на број,  ја покажуваат важноста и посветеноста на преносните систем оператори во поддршката на фундаменталните европски енергетски начела: интеграција на пазарот на електрична енергија, развој на обновливи извори на енергија и обезбедување на сигурност на напојувањето.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар