„Мерцедес“ ќе прозведува автобуси во Србија
Објавено во: Балкан 11 Септември, 2013 11:30
Германскиот автогигант „Мерцедес“ ќе склучи договор за стратешко партнерство со „Икарбус“ од Белград за прозводство на автобуси во погоните на оваа белградска фабрика, јави српската држвана телевизија РТС.
Во изјава за РТС, директорот на „Мерцедес-Бенц“ за Србија, Ролф Јирген Зејерле инфромира дека под раководство на експерти на германската компанија, во погоните на „Икарбус“ ќе се произведуваат шасии за автобуси марка „Мерцедес“ наменети за клиенти во Србија, но и за пазарите на други земји.
Зејерле најави дека „Мерцедес“ преговара за сорабтока и со српската фабрика за произвидство на камиони ФАП од Прибој, но одби да даде детали за содржината на преговорите.
„Мерцедес“ е вториот светски автогигант што инвестира во Србија, по италијанскиот „Фиат“. Се очекува производството на автобуси на „Мерцедес“ во „Икарбус“ на долг рок да ги реши проблемите со јавниот градски превоз во Белград и со меѓуградскиот автобуски сообраќај во цела Србија, посочува РТС.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




