Меркел бара ЕУ и Велика Британија да бидат подготвени на компромис
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2013 15:29
Германската канцеларка Англела Меркел изјави денеска дека Германија е подготвена за разговор за британските желби, но додаде дека ЕУ и Велика Британија мораат да бидат подготвени за компромис.
-Германија и јас лично сакаме Велика Британија да биде важен дел и активна членка на ЕУ. Подготвени сме да разговараме за британските желби, но секогаш треба да имаме на ум дека другите земји имаат поинакви желби и дека мораме да најдеме фер и компромисно решение, им изјави Меркел на новинарите.
Реагирајќи на денешниот говор на британскиот премиер Дејвид Камерон во кој побара радикални реформи во ЕУ и на Британците им вети референдум за членството по 2015 година, Меркел изјави дека интензивно ќе разговара со Лондон за нивните идеи, но дека за тоа ќе има повеќе време во следните месеци, пренесуваат британските медиуми.
Претходно денеска се огласи и шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле кој порача дека Германија сака Велика Британија да остане полноправна членка на ЕУ, но дека Лондон не може да очекува да ги избира аспектите за членството кои само нему му одговараат.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




