Меркел бара ММФ да учествува во третиот пакет за помош на Грција
Објавено во: Балкан 18 Август, 2015 12:59
Германската канцеларка Ангела Меркел инсистирала Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да учествува во третиот пакет за помош на Грција, но сомнежите за привлекување на ММФ кон програмата се комплицираат поради стремежот да ги убеди членовите на Бундестагот во исправноста на оваа политика пред претстојното гласање утре во парламентот за ова прашање.
Во понеделникот на првата страница весникот „Билд“ ја обвини Меркел за кршење на ветувањето дека ММФ ќе учествува во новиот пакет за Грција во износ од 86 милијарди евра, одобрен во петокот од министрите за финансии на земјите од еврозоната. ММФ, чија директорка Кристин Лагард го утврди планот како „многу важен чекор напред“, ќе чека до октомври со донесувањето на одлуката дали ќе учествува или не. Но, тоа е дури по два месеца, а Меркел и нејзиниот министер за финансии Волфганг Шојбле имаат потреба од добивање на поддршка во средата од долниот дом на Бундестагот за третиот пакет на финансиска помош за Грција од 2010 година.
Елементите за компликации во иднина се барањата на ММФ за простување на грчкиот долг, чиј еквивалент претставува во моментов 170% од БДП - барање на кое повеќето Германци не гледаат позитивно. Според Германија едно „кастрење“ на долгот ќе биде кршење на договорите во ЕУ, но минатата недела Берлин повтори дека останува отворен за идни разговори за реконструкција на долгот. Олеснување на долговите се движи од намалување на непогасената главница на кредитот преку намалување на каматните стапки или продолжување на рокот за отплата.
Во интервју за германска телевизија во неделата Меркел изразила уверување дека „ММФ“ ќе учествува во обезбедувањето на финансиска помош на Грција. Учеството на ММФ е „апсолутно неопходно“, истакнал и портпаролот на Министерството за финансии Марко Земелман во позиција заеднички од страна на голем број членови на конзервативните партии кои ја поддржуваат Меркел. Пратеникот Михаел од Христијанско-демократска заедница (ХДЗ) изјавил за телевизијата „Блумберг“ дека засега не одлучил дали ќе гласа за или против грчкиот договор утре. Михаел исто така шпекулирал дека без јасен знак од страна на ММФ за учеството на институцијата во спасувањето на Грција, бројот на гласачите негативно германски пратеници ќе се зголеми.
Билансот на такви истомисленици кои ќе гласаат сеуште нема да е доволно за да се изложуваат на голем ризик одобрувањaта на договорот во средата, но може да влијае растечкиот отпор, како во партијата, така и во општеството, што Меркел не би можела да го игнорира. „ММФ има репутација на цврстина и независност, доста повеќе од Европската комисија. Ако ММФ ја поддржи програмата, тоа ќе и помагне на Меркел да ја продаде програмата на сопствената партија и на германското општество. Тоа е причината поради која Меркел сака да го задржи учеството на ММФ“ , вели економистот од Беренбенберг банк Холгер Шмидинг.
Економистот од „Natixis“ Силван Број вели дека Берлин гледа на ММФ како на полиса за осигурување, бидејќи ќе предложи „имплицираната гаранција дека оздравителните фондови ќе бидат исплатени“. Всушност токму Германија го повика учествота на ММФ и обезбедувањето на техничка експертиза на програмите за помош во првиот спасувачки пакет во 2010 година за коалициските партнери на Меркел, социјалдемократите, учеството на ММФ изгледа е помалку од клучно. Заменик-шефот на парламентарната фракција на „СПД“ Карстен Шнајдер инсистира дека учеството или не на ММФ нема да влијае врз гласањето. Она што беше важно, додава тој, е дека ММФ останува советник за помош на Грција за враќање кон економски раст.
Сепак Меркел се чувствува притисната во аголот од барањата на ММФ за простување на долгот, во кој таа тешко ќе ја убеди својата партија. Во петокот Лагард изјавила дека грчкиот долг „се претвори во неодржлив и Грција не може да ја закрепне неговата отпорност самостојно само преку свои активности“. „Со нетрпение очекуваме да работиме тесно со Грција и нејзините европски партнери во следните месеци, за да ги поставиме на нивните места сите елементи кои им се потребни за да препорачаме на извршниот одбор на Фондот за разгледување на понатамошна финансиска поддршка на Грција“, изјавила Лагард.
Пратениците од Бундестагот биле повикани да се вратат за гласање на спасувачкиот пакет од летниот одмор, откако веќе требаше да направат вакво нешто на 17 јули и да гласаат за обновување на заздравителни преговори.
Според аналитичарите одобрувањето на новата зделка е речиси сигурно, колку што владејачката коалиција на Меркел од конзервативци и социјалдемократи контролира 504 од вкупно 631 пратенички места. Останува да се види каков ќе биде бунтот помеѓу конзервативците. На гласањето од 17 јули против беа 60 од вкупно 311 пратеници од блокот на Меркел, што беше оценето како удар против популарната канцеларка за нејзиниот 61-ви роденден.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




