16 Мај, 2024
0.0372

Меркел децидна: Русија се уште не може да да се врати во Г-7

Објавено во: Свет 09 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Претставниците на земјите на Европската унија на Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји се согласија дека се уште не се исполнети условите Русија да се врати во Групата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на Самитот.

Таа рече дека е рано за заедничко соопштение на лидерите, додавајќи дека се уште не е постигнат договор.

Четирите европски земји во Г-7, Франција, Италија, Германија и Велика Британија се согласија да одбијат враќање на Русија во Групата. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп предложи враќање на Русија во Г-7.

Москва беше исклучена од Групата Седум најразвиени земји плус Русија во 2014 година поради анексијата на Крим и конфликтот во Источна Украина.

Европските лидери Емануел Макрон, Ангела Меркел, Тереза Меј и Џузепе Конте, кои се сретнаа непосредно пред почетокот на Самитот во Канада по иницијатива на францускиот претседател, се согласија дека „европски став е да не се врати Русија“. Еден од советниците на Макрон соопшти дека на средбата било истакнато дека продолжува „будноста“ кон Москва, но и било укажано на „можноста за воспоставување дијалог со Русија“. 

Претходно, Конте на Твитер напиша дека поддржува враќање на Русија.

Во Г-7 се и Јапонија, Канада и САД, а на состаноците присуствуваше и претставник на ЕУ.

Инаку, главна тема на Самитот беа зголемените царини на алуминиум и челик, воведени од САД. 


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?