06 Октомври, 2024
0.0254

Меркел: Германија ги вложува сите напори Грција да остане во еврозоната

Објавено во: Балкан, Економија 18 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила пред Бундестагот дека нејзината земја ги вложува сите напори Грција да остане член на еврозоната.

„Јас имам уште надеж. Секаде каде што има волја, има и начин. Ако политичките лидери на Грција покажат таква волја, се уште има можност за постигнување на договор“, изјавила Меркел.

Гардијан: Излегувањето на Грција од еврозоната би било трагедија за Европа

„Грција се претвори во последните пет години во пример за нашата солидарност“, изјавил шефот на Владата, но истакнал дека оваа солидарност е поврзана со нивната сопствена одговорност.

Меркел дала пример Ирска, Португалија и Шпанија, кои ги завршени своите програми и „стојат цврсто на нозе“.

„Тие ја искористија својата шанса. Грција започна добар пат, кој сеуште не е завршен“, изјавила канцеларката. Меркел ја даде изјавата непосредно пред средбата на министрите за финансии на еврозоната во Луксембург.

Грекекзит ја загрозува Европа и светските пазари.

Грција има две недели за да се постигне договор за долгот или ќе се соочи со банкрот поради 1,6 милијарди евра, кои им ги должи на ММФ. Земјата веќе го одложи плаќањето на 300 милиони евра, кои ги вети дека ќе и ги врати на ММФ до 30 јуни.

merkel junker

Главниот преговарач на Грција и заменик-министер за надворешни работи Евклид Цакалотос изјавил за Радио „Би-Би-Си“ дека секоја програма треба да биде економски извршна.

„Пред неколку недели ние ги претставивме нашите идеи кои мислевме дека ќе бидат заедничка основа за преговори. Ние бевме со компромисно расположение, затоа предложивме идеи, кои беа многу блиски до нивните. Можеме да правиме идни компромиси, можеме да бараме допирни точки, но конечниот производ од реформите, идното финансирање и инвестициската програма, треба да биде економски остварливо“, изјавил заменик-министерот. Тој истакнал дека земјата треба да биде во можност да ги почитува фискалните ветувања.

Претходно грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјавил дека земјата има „политички и морален долг“ да постигне договор со кредиторите за должничката криза. Но, тој смета дека на средбата на министрите за финансии е малку веројатно да се донесе одлука.

Во замена за поголемо финансирање, кредиторите сакаат уште реформи од Грција. Но владејачката партија СИРИЗА се спротивставува на овие барања, а се зголемуваат разговорите за ќор-сокакот и стравувањата дека Грција може да банкротира. Европската комисија, Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) може да обезбедат нови средства на Атина, но во замена инсистираат нови реформи и штедење.

Вчера Централната банка на Грција предупреди дека земјата може да тргне по „болен курс“ кон излегувањето од еврозоната и од ЕУ. Таа, исто така, предупреди дека одложувањето на економскиот раст на земјата ќе се забрза без договор. Банката посочи дека околу 30 милијарди евра биле повлечени од грчките банкарски депозити во периодот меѓу октомври и април.

Во меѓувреме, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе патува до Санкт Петербург на Меѓународен економски форум во Русија денес. Се очекува тој да оствари разговори со претседателот Владимир Путин утре.

Дописникот на „БиБиСи“ Крис Морис смета дека како Грција, така и нејзините кредитори ја чекаат другата страна да направи компромисен чекор и цело време ризикот од грешка и премногу долго чекање расте.

Тензиите меѓу двете земји беа јасни во вторникот за време на прес-конференцијата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Јункер, кој е примен како симпатизер на грчката влада, изјавил дека Атина носи одговорност за застојот. Тој ја обвини Владата дека и ветува на грчката јавност работи кои не одговараат на вистината.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути