Меркел на самитот на Еврозоната: Помошта за Грција нема да е по секоја цена
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2015 19:22
Германската канцеларка Ангела Меркел предупредила дека договорот за програма за помош на Грција нема да биде склучен „по секоја цена“. „Нема да има договор по секоја цена“, изјавила Меркел на влез на самитот на Еврозоната. „Ни претстојат тешки преговори“, додала таа.
Откако претседателот на еврогрупата Јерун Диселблум беше принуден да ја прекине седницата поради спор меѓу министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле и претседателот на Европската централна банка Марио Драги, во Брисел денеска се одржува самит на Еврозоната, посветена на грчкиот проблем.
Пред почетокот на средбата премиерот на Грција Алексис Ципрас изразил оптимизам велејќи дека договорот за Грција може да биде постигнат уште денес.
„Ние сме подготвени за достоинствен компромис. Тој е од корист за сите народи на Европа. Ние можеме да постигнеме договор денеска, ако тоа биде побарано од сите учесници“, изјавил Ципрас при пристигнувањето на самитот на Еврозоната.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека неговата земја ќе стори сé за да задржи Грција во еврозоната: „Франција ќе стори сé за да се постигне договор што ќе им овозможува на Грција да остане во еврозоната“, изјавил Оланд при пристигнувањето во Брисел. Тој ја отфрлил идејата за „привремено излегување на Грција од еврозоната“, предложена од Германија.
Постигнување на било како и да е договор за Грција денеска е малку веројатно, изјавил министерот за финансии на Словачка, Петер Казимир.
На прашање на новинарите што очекува од денешната средба на Еврогрупата Казимир одговорил: „Ништо. Ништо сериозно, поради тоа што е невозможно да се постигне договор днес.Во моментов за Грците е поважно банките да отворат што е можно побрзо“.
Премиерот на Малта, Жозеф Мускат изјавил дека Грција треба да биде спасена „но не по секоја цена“.
„Постојат две сценарија за спречување на финансискиот колапс на Грција- да се повлече чкрапалото на сè и земјата да западне во банкрот сама или да и се помогне на Грција да се опорави така што ќе може да ги плаќа долговите.
Ако се „повлече чкрапалото“ и грчките банки западнат во неликвидност, економијата на Грција ќе страда незамисливо. Дури Малта ќе биде изложена на потреси, а за Грција ќе биде енормно тешко да ги плати долговите“, изјавил Мускат.
Министерот за финансии на Литванија, Римантас Садзиус изразил надеж дека лидерите на земјите од Еврозоната ќе „направат чудо“, и ќе постигнат договор со Грција.
„Договорот зависи од политичарите, тие можат да направат чудо. Се надевам дека денеска ќе се случи чудесен момент“, изјавил Римантас од Брисел.
„Подготвен е многу амбициозен проект. Тој ги вклучува законите кои Грција треба да го прифати до 14 јули. Тоа се услови и првичните чекори кои Атина треба да ги почитува. Усогласени се реформите во четири насоки, вклучувајќи ги даночните прашања и приватизацијата. Сите тие треба да бидат одобрени од Владата и Парламентот на Грција“, посочил министерот за финансии на Финска, Александар Стуб.
Тој појаснил дека ако биде донесена одлуката за програмата за помош во рамките на Европскиот стабилизационен механизам, целиот пакет треба да се реализира.
Според него, сега топката е во полето на државите и владите на Еврозоната.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




