Меркел очекува Грција да ги исполни обврските
Објавено во: Балкан 31 Август, 2015 20:07
Канцеларката на Германија, Ангела Меркел денеска изјавила дека очекува Атина да се придржува стриктно кон реформите кои треба да ги спроведе во замена за договорената трета спасувачка програма во износ до 86 милијарди евра.
Ќе имаме нови избори во Грција и јас работам врз претпоставката дека новите властите во Атина ќе ги исполнат преземените обврски, изјавила Меркел на прес-конференција во Берлин.
Тоа како да е сигнал дека Меркел не изгледа вознемирена во врска со можноста по предвремените избори во Грција на 20 септември новите владетели во Атина да отстапат од договорениот со меѓународните кредитори пат на реформи.
Располагаме со трета спасувачка програма и веќе е исплатена првата транша, додаде таа, покажувајќи дека спасоносниот финансиски пакет работи како што е планирано, додала Меркел.
Германската канцеларка исто така, истакнала дека не гледа можност за намалување на каматните стапки на грчкиот долг, но истакна дека партнерите од еврозоната би можеле да го одложат датумот кога Атина треба да почне да ги плаќа обезбедените заеми на земјата спасувачки .
Мислам дека кога станува збор за каматните стапки, ние немаме простор за маневрирање, бидејќи каматните стапки веќе се многу ниски, изјавила Меркел на прес-конференција во Берлин. Според неа, сепак постои одредена можност за маневри во однос на т.н. „грејс период“, кој ќе им биде даден на властите во Атина, пред тие да започнат да ги опслужуваат своите надворешни долгови.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




