Меркел одговори дали можела да ја спречи војната во Украина
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2022 18:17
Не можев да влијаам на Путин, веќе немав сила, вели екс германската канцеларка Ангела Меркел за тоа дали можела да ја спречи војната во Украина.
Taa изјави дека сакала да свика разговори меѓу Европа и рускиот претседател Владимир Путин годината пред воениот напад на Украина. Меркел изјави за „Шпигел“ дека таа и францускиот претседател Емануел Макрон планирале да организираат независен формат за разговорите на Путин со Европскиот совет лани.
„Но, јас веќе немав сила да го туркам процесот, бидејќи сите знаеја: таа заминува наесен“, изјави Меркел.
Таа се повлече од политиката по 16 години на власт во Германија, по изборите во септември 2021 година и откако во декември му ги предаде овластувањата на Олаф Шолц од Социјалдемократскиот сојуз. Меркел вели дека за Путин важна е само моќта. Поранешната германска канцеларка изјави дека „дојде време за нов пристап“ бидејќи нејзината влада не постигнала напредок, не само во Украина, туку и кога станува збор за конфликтите во Молдавија, Грузија, Сирија и Либија.
Инаку, многу аналитичари сметаат дека Меркел, но и екс американскиот претседател Доналд Трамп доколку беа на власт ќе ја спречеа војната. Медиумите пишуваа дека Меркел додека беше на власт спречила војна меѓу Турција и Грција.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




