26 Ноември, 2024
0.0313

Меркел пред Заев и Борисов: Не заборавајте, мора да се согласувате

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерите Зоран Заев и Бoјко Борисов копреседаваа денеска на конференцијата во рамки на Берлинскиот процес која се одржа денеска во Софија. Германската канцеларка Ангела Меркел во видео обраќање им заблагодари за успешниот настан. Меркел се обрати по Заев и Борисов и рече дека Берлинскиот процес е поврзан и со помирување на недоразбирањата и наследството од минатото. Потоа порача:

„Не заборавајте, мора да се согласувате, тоа е многу важно“, рече Меркел.

Меркел рече дека е добро што има напредок за формирањето на заеднички пазар како порака за економиите и воведување на четирите слободи и ќе се даде еден импулс во регионот. 

„Да ви честитам и за согласноста за зелената агенда. Ние сме заинтересирани да изградиме еномонија која е способна да овозможи за премин кон економија без јаглеродиоксид и унапредување на агендата сите ние, настрана од ковид – 19, ги сметаме климатските промени како крупно прашање и крупен предизвик кое ќе биде важно за земјите од Западен Балкан, рече Меркел.  

Премиерот Заев, како ко-домаќин на Самитот заедно со бугарскиот премиер Борисов, истакна дека во овие невидени времиња заради пандемијата со КОВИД-19, имаме извонредна можност заеднички да поразговараме за визијата за нашиот регион во наредните години благодарение на новите стратешки документи подготвени за време на ко-домаќинството на Северна  Македонија и Бугарија – Акцискиот план за заеднички регионален пазар, како и со Економскиот и инвестициски план и Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан.



„Влегуваме во нова фаза на економски раст и на нашата регионална економска соработка за да се сообразиме со процесот за пристапување кон ЕУ и за нашето идно учество на единствениот пазар на ЕУ. Во овој контекст, преку воспоставување на рамка и преку дефинирање на конкретни активности во сите области на четирите слободи на ЕУ, збогатени и со дигиталниот, инвестицискиот, иновацискиот и индустрискиот столб, новиот Акциски план за заеднички регионален пазар обезбедува солидна основа во таа насока“, истакна премиерот Заев.


Друг многу важен дел од идната визија за Регионот, рече Заев, е неговата зелена трансформација, и во таа насока Зелената агенда е јасен сигнал и чекор напред за поблиска интеграција на Западен Балкан во политиките на ЕУ за животната средина.

„Ќе треба да соработуваме поблиску во остварувањето на поамбициозни цели во кружната економија, одржливото земјоделство и производство на храна, и во биоразновидноста. Европската Унија јасно ја дава својата поддршка за зелена и дигитална транзиција на Западен Балкан. Сето ова треба да доведе до одржлив економски раст и креирање на работни места бидејќи Акцискиот план за заеднички регионален пазар и Зелената агенда, заедно со Економскиот и инвестициски пакет на ЕУ претставуваат, креираат синергија со силна политичка порака, којашто ќе му помогне на Регионот на својот пат кон пристапување кон ЕУ“, потенцираше премиерот Заев во своето обраќање на пленарната сесија на лидерскиот Самит за Западен Балкан во Софија, и додаде дека за успехот на овие иницијативи се неопходни континуираните суштински реформи во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата и организираниот криминал, функционирањето на демократските институции и јавната администрација, додаде тој.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав