20 Декември, 2025
0.0403

Меркел: Вратата за Грција не е конечно затворена!

Објавено во: Балкан, Економија 29 Јуни, 2015 19:36

Добивај вести на Viber

Во заедничката прес-конференција германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за економија, Зигмар Габриел "протегнаа рака" кон Грција и покрај заладените по петок односи меѓу Атина и нејзините кредитори.

По долгата речиси еден час прес конференција  двајцата врвни политичари оставија четири главни пораки - референдумот во Грција во недела ќе биде решавачки за останувањето на земјата во еврозоната.

Второ - дури и да се дојде до Grexit (излегување на Грција од еврозоната), еврото нема да пропадне. Трето - и во иднина финансиската помош за земји од единствената валута зона ќе се даваат само со конкретни услови. И четврто - при позитивен исход од референдумот може да има нови преговори со грчката влада.

"Ако по референдумот грчката Влада побара да ги продолжи преговорите, природно ние нема да се спротиставиме на тоа", изјави Меркел на прес-конференцијата во Берлин.

А предметниот референдум "очигледно е поврзан со останувањето во еврото", рече таа, Воздржувајќи се од совети како да гласаат "одговорните грчки граѓани".

Сепак Меркел не пропушти да ја обвини грчката влада за неуспехот на преговорите, како што порано денес направи и Жан-Клод Јункер. "Европа живее од компромиси", изјави таа на заедничката прес-конференција со Габриел. "Но, никој не може да се добие 100%". Според канцеларот самата Грција не посакала да најде компромис.

"Грчката влада сака идеолошки сосема друга еврозона", рече Габриел. "Токму - една еврозона во која ветувањата немаат голема сила. Во таков случај, сепак еврото сигурно ќе пропадне", појасни тој.

Габриел исто така ги обвини грчките претставници за влошување на кризата. "Европа не може постојано да обезбедува безусловна финансиска помош", рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација