15 Декември, 2025
0.2688

МЕРКИТЕ ГИ ПОЧИТУВАВМЕ, НО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОНТРОЛИРАТЕ СИТЕ ВРАБОТЕНИ И НА ПАУЗА И ВО ТОАЛЕТ - Димитров за заболените во „Мода“ Свети Николе

Објавено во: Економија 09 Јули, 2020 14:51

Добивај вести на Viber

Во конфекцијата „Мода“ од Свети Николе има 12 заболени од коронавирусот, потврди за Фактор сопственикот на компанијата, Ангел Димитров.

Денеска таа информација ја сподели и градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски, кој на пресконференција кажа дека во оваа општина се регистрирани 50 заболени, а 75 лица се во самоизолација.

Според Димитров, во „Мода“ Свети Николе засега се заразени 12 пациенти, и сите се од иста смена.

„Но, ќе видиме што ќе покажат резултатите од тестирањата што ги направивме, од кои дел треба да пристигнат денеска, а дел во текот на утрешниот ден. Ние на наш трошок направивме тестирања на вкупно 210 вработени, и тоа цела прва смена од едната фабрика, односно 190 вработени, плус неколкумина вработени од другата смена“, вели Димитров за Фактор. 

Тој објаснува дека зависно од тоа што ќе покажат резултатите, органите на управување на компанијата ќе донесат натамошни одлуки, односно дали ќе биде затворена цела смена од едната фабрика, или ќе се преземаат и други мерки.

„Кога од Владата беше кажано дека пикот на вирусот ќе биде на крајот на април и беше препорачано вработените да ги користат годишните одмори, ние две недели не работевме и сите вработени ги користеа годишните одмори. Сега зависно од резултатите, ќе видиме какви мерки ќе бидеме принудени да донесеме“, објаснува Димитров. 

Според него, главен проблем кој довел до оваа ситуација, е што на матичните лекари во Свети Николе прво им биле потребни два дена за да им закажат тестирање на сомнителните вработени, а потоа уште пет дена се чекало на резултатите. Тоа, според него, е долг период на чекање, а доколку тој бил пократок, ситуцаијата понавремено ќе се превенирала.

Димитров за Фактор е дециден дека во фабриката уште од самиот старт на епидемијата со коронавирусот, биле преземени сите мерки и препораки на заштита, онака како што побараа здравствените власти, и тоа и во погоните, и во кујната што ја користат вработените.

„Меѓу сите машини се одржува препорачаното растојание и вработените носат заштитни маски. Но, доколку таа вработена, на пример, појде до тоалет, или на пауза, и таму разговара со друга вработена без да ја почитува социјалната дистанца, ние тоа не можеме да го контролираме. Тоа значи дека и покрај почитување на мерките од страна на компанијата, доколку дел од вработените не се совесни, не може да се спречи оваа појава“, вели Димитров. 

Сопственикот на „Мода“ Свети Николе е разочаран од големиот број, како што вели, дезинформации кои се шират на социјалните мрежи, дека коронавирусот не постои, но и од наглото олабавување на граѓаните, па и на вработените во фабриката, откако Владата ги олабави рестриктивните мерки. 

Инаку, сите 12 позитивни во фабриката се со многу лесна клиничка слика, и сите се на домашно лекување, односно ниту еден не е во болница.

„Тоа и ги охрабрило да не ги почитуваат мерките. Еден вработен уште пред три дена имал лесни симптоми, но не бил сигуреен што е, мислел не е сериозно и ќе го помине од нога. Од тие причини и доаѓа до пренесувањето“, објаснува Димитров.

Инаку, во „Мода“ Свети Николе, има две фабрики што работат по две смени, со вкупно 730 работници.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година