Мерко: Шест платформи на плажите во Струга ќе се отстранат, другите објекти имаат одобрение
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2021 10:55
Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, денеска рече дека шест платформи на плажите на Охридското крајбрежје ќе се отстранат, додека останатите објекти имале одобрение. Ова струшкиот градоначалник го кажа пред првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
„Им благодарам на сите иматели на платформи на крајбрежјето, во разговори со сите чинители се договоривме ние да не бидеме „црна овца“, туку да се солидаризираат со колегите од Охрид, за Струга, Република Северна Македонија да не го загуби статусот на УНЕСКО, туку да се доближќиме до УНЕСКо, да се инвестира уште повеќе во ова крајбрежке.
Чекаме фидбек од државата и Комисијата на УНЕСКО да ни даде план за подобар развој, да имаме план за одржување на трската, која од 50 хектари сега има 300 хектари трска, за уште повеќе да го развиеме градот. Сите шест платформи за кратко време ќе се тргнат, вклучувајќи ја и онаа на Женска плажа. Самите газди ќе ги отстранат, а ако им треба помош, општината е тука“, изјави Мерко, кој за останатите објекти рече дека се направени со одобрение
Инаку над 4 илјади барања за легализација на дивоградби се одбиени од струшката општинска власт во изминатава деценија, но ниту една од нив не е урната, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија. Во оваа бројка не влегуваат дивоградбите за кои воопшто не е поднесено барање за легализација.
Мерко во изминативе неколку години во медумите тврди дека во Струга нема дивоградби, спротивставувајќи се на извештајот на УНЕСКО, на централната власт и на новинарските истражувања кои го покажуваат спротивното.
- Луѓето сакаат излез, не е грешката кај населението, не е ниту кај локалната самоуправа. Сите тие диви градби се пред 2011, сите имаат предмети за легализација, се чека за легализација и не се во заштитниот пијас, туку се во Лабуништа, во Моровишта, наведе Мерко како коментар за извештајот на државниот ревизор.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





