МЕРМЕРНО ЕЗЕРО: Како се создаваше и дали е безбедно?
Објавено во: Економија 10 Јули, 2016 14:32
Езерото е длабоко 20 метри и содржи 100 000 кубни метри вода. Поздрав до рударите од Рудник Беловодица за посебен допринос при изградбата на оваа прилепска атракција. Ви посакувам на сите пријатни моменти во ова прекрасно место“ напиша М-р Васко Дамески - поранешен раководител на рудникот Беловодица.
Тој дополни дека местото не е безбедно.
„АПЕЛИРАМ !!! Да се внимава при посетата на Мермерното езеро. Постојат делови од рудникот кои не се безбедни. Има појава на одрони и крупни карпи блиску под површината на водата со што е голем ризикот при фрлање во вода од поголеми височини.
Концесијата ни е одземена од Влада на Р. Македонија и ги изгубивме ингеренциите да го завршиме процесот на обезбедување и рекултивација на рудникот. АПЕЛИРАМ до локалната самоуправа да испрати екипа која ќе се грижи за безбедноста и хигиената, посебно за време на викендите кога има голема фрекфенција на посетители. Ви стоиме на располагање за обезбедување и маркација на ова прекрасно место.„
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




