Месецов рочиште за второто обвинение на СЈО
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2016
На 28 ноември е закажано прво рочиште за случајот „Тврдина“, се наведува во информацијата од Основниот суд Скопје 1.
Во овој предмет се осомничени 7 луѓе за кривично дело „фалсификување на службена исправа“. Случајот „Тврдина“ Специјалното јавно обвинителство го покрена во врска со уништување на документација од системите на прислушување, односно уништување на документи поврзани со уништувањето на опремата.
По поднесување на обвинителниот предлог, СЈО поднесе и барање за изземање на надлежниот судија. Ова барање во законски утврдениот рок беше одбиено од претседателот на судот, по што СЈО поднесе и жалба до Апелациониот суд Скопје, со што судот одби да го изземе судијата.
Претходно Кривичниот суд го закажа рочиштето за обвинителниот предлог на СЈО за настаните во општина Центар на 21 ноември.