МЕТЕЖ НА ЕВЗОНИ, КИЛОМЕТАРСКА КОЛОНА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА - еве што ве чека ако тргнете на летување
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2024
Евзони е преполн! Тоа можеби не е новост да беше средината на јули или август, но денес е само 15 јуни, пишуваат српските медиуми.
Сепак, екстремно топлото време, а веројатно и нешто порано крајот на учебната година, ги „турна“ туристите од Србија и регионот веќе да одат на море во Грција.
Кога се знае сето тоа, тогаш големиот метеж на граничниот премин Евзони не е изненадување.
Меѓутоа, кога видеото од Фејсбук групата „Во живо од Грција“ покажува дека колоната е долга еден километар, не е пријатно за гледање, а камоли за чекање.