28 Септември, 2024
0.8087

НИТУ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА НЕ УНИШТИ, ПАК САМИ ЌЕ СЕ УНИШТУВАМЕ: Бубо Каров во „Бизнис муабети“ открива како почна К-15, но и многу повеќе

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

„Ни вештачката интелигенција не може да не уништи“. Ова го тврди се уште омилениот лик од легендарните скечови „К-14“ Љупчо Бубо Каров. Тој во гостувањето во нашиот поткаст „Бизнис Муабети“ со колегата Мишко Иванов дискутираат на повеќе теми, меѓу кои и за заканувачката вештачка интелигенција.

Но, Каров во свој став со посебен поглед кон оваа „растечка закана“ за која се тврди дека ќе ги преземе работните места на многу фели. Каров тврди дека на нашето поднебје вештачката интелигенција не му може ништо.

-  Кога ќе се појави вештачката интелигенција, тогаш ќе се уништиме. Таа не може да фати тука кај што има природно глупи луѓе. Не може да не уништи, пак сами ќе се уништуваме – вели Каров со посебен шмек во гласот.  


Но, секако ова е само мал дел од сето она што се дискутираше во најновиот поткаст на Фактор, „Бизнис муабети“. Овој пат во студиото со колегата Мишко Иванов е музичарот и актер Бубо Каров, кој на нашата јавност најмногу и е познат по легендарното хумористично телевизиско шоу каде заедно со Бранко Огњановски и Васко Тодоров одиграа бројни улоги кои никого не оставија рамнодушен.

Каров за „Бизнис муабети“ открива дека „К-15“ имало можности да стане и многу сериозен меѓународен проект, за што имале три понуди, понуди кои биле навистина примамливи.

-  Едната понуда дојде од нашиот драг сега веќе покоен пријател Иво Лоренчиќ, негова идеја беше да го титлуваме К-15 и да го пуштаме во Србија. Друга понуда беше поврзана со Славе Трифунов, кој имаше шоу на бугарска телевизија, со уште двјца или тројца колеги, слична на К-15. Првиот режисер на нивната емисија беше кај нас, разговаравме, сакаше да снимиме мешано македонско бугарски разговори, нешто као изгубени германци. Третата можност да стане меѓународен проект беше понуда за која најмногу можеби ни е жал. Тоа беше понуда целосно да се преселиме во Турција, нешто како што прават фудбалерите, и целосно да престанеме тука да снимаме.

На ова негово откритие колегата Иванов го прашува за колкава сума станува збор, но Каров во негов стил не откри сума. На што Мишко потпрашува „дали е тоа сума од милион евра“. Видете и самите што му одговори Каров.


„Бизнис муабети“ не би биле комплетни ако не се начне темата пари. Колкава била стартната инвестиција за да започне проектот „К-15“ е едно до интригантните прашања на нашиот колега.

Но, секако уште поинтригантен е одговор на Каров.

-  Со ич пак, со пари кои ги немавме – вели Каров, а вие деталите може да ги видите во продолжение.


Секако, целиот разговор во „Бизнис муабет“ ќе ги емитуваме во петок. 

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?