Мицкоски поднесе законски измени за да не поскапи струјата во првиот и вториот блок

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2024
Мандатарот и пратеник Христијан Мицкоски заедно со група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Собрнаието поднесе предлог измени за Законот за енергетика, со кои од 1 јули нема да може да се зголеми цената на електричната енергија за првите два од четирите блок тарифи за домаќинствата.
-Со предложените измени треба да се овозможи да нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, за кои се подготвува нов ценовник од 1 јули, рече Мицкоски на прес-конференцијата.
Измените ќе се носат по скратена постапка, а ќе биде дозволено поскапување само за третата и четвртата тарифна блок-група и тоа од 1 до 2 проценти.
Тој ги повика сите пратеници да гласаат за законските измени затоа што така ќе се спречи и инфлаторната спирала.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, претходно рече дека струјата за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар мора да поскапи од 1 јули, затоа што ЕСМ на ЕВН Хоме ќе му понуди повисока цена и само 85 отсто од потребните количини.
Можеби ќе ве интересира
БОЈКОТОТ СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА: Од Балканот до некои земји од Европската Унија, високите цени им се преку глава на сите

ЕВЕ КАДЕ ПОЧНУВА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Интензивно се работи на воведување

НИ ОБРОК ОД ПЕТ ДОЛАРИ НЕ ПОМОГНА: Падна профитот на најпознатиот ресторан за брза храна

ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ: Владата одлучи да ги субвенционира сметките за струја

ПРИЛИВ НА ПАРИ ОД ГЕРМАНИЈА, ИРСКА, ХОЛАНДИЈА: Oд кои други земји Хрватите испраќаат пари во татковината?

МИТЕВА: Владата ќе ги ограничи маржите на 10 отсто во трговијата на мало и големо на основните прехранбени производи

ГРАЃАНИТЕ ГИ БОЈКОТИРААТ ТРГОВЦИТЕ: Тоа нема да ги намали на долг рок цените во Србија

Мицкоски предлага маркетите да ги објавуваат цените на веб-сајтови, опозицијата веднаш реагираше

Привремен економски оператор и натаму копа јаглен во рудниците на РЕК Битола
