АКО Е ЗА НАША УТЕХА, ЛЕБОТ ПОСКАПЕ И ВО СРБИЈА - образложението е исто: Повисока цена на суровината
Објавено во: Економија 20 Јуни, 2024 14:28
Лебот од брашно „Т-500“ во иднина ќе чини 59 динари, јавуваат српските медиуми.
Оваа цена ќе важи од први јули. Досега лебот чинеше 54 динари.
Да потсетиме, претходно денеска Владата на Србија ја усвои изменетата Регулатива за задолжително производство и трговија, со која се корегира цената на тој прехранбен производ, со оглед на тоа што има зголемување на цената на суровините.
Кога станува збор за потрошувачите, Владата најави дека поскапувањето нема значително да влијае на нивниот стандард, но не ја соопшти точната сума.
- Со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, Владата ја ограничи цената на лебот од брашно Т-500, а имајќи предвид дека сегашната цена е корегирана во согласност со трендовите на пазарот, ќе нема потреба да се интервенира со продажба на брашно од стокови резерви по 1 јули 2024 година. Тоа значи дека ќе се дели само количината на брашно неопходна за еден месец.
Пред 5 дена и во земјава поскапе лебот за над 10 отсто, со истото образложение, дека е зголемена цената на суровините на светскиот пазар.Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




