05 Декември, 2025
0.0380

„Mетодот на повлекување“ е сè уште најпопуларна метода на контрацепција кај младите: Финансиите и неинформираноста причина за ниска свест

Објавено во: Стил 26 Септември, 2022 17:00

Добивај вести на Viber

Момчињата одбиваат да користат контрацепција, бидејќи им е кажано дека „на вистинските мажи тоа не им е потребно“, а девојчињата пак, се срамат да разговараат на оваа тема со нивните партнери мислејќи дека ќе остават погрешен впечаток.Младите сè уште сметаат дека чувството на задоволството е намалено кај машкото ако носи кондом, дека „контрацептивите ќе ме здебелат“ , дека влијаат на зголемена влакнетост кај девојките, дека „мажот ме штити“ е начин  на планирање семејство, а „методот на повлекување“ е сè уште најпопуларна метода на контрацепција бидејќи младите не се доволно информирани за контрацепцијата и нејзината важност како средство за превенција од болести и несакана бременост.
Но, не само младите, вистината е и дека голем дел од повозрасното население, не е доволно едуцирано.

Индексот за Македонија, со кој е изразена „Потребата за семејно планирање, задоволена со модерни методи“ во рамки на матриксот на 14 компоненти на генералниот национален „Индекс на универзална здравствена покриеност“, е оценет со 25, при што во светски рамки полош индекс од ова имаат само Албанија, Јужен Судан, Сомалија и Чад.
Како една од пречките за постигнување повисок степен на употреба на модерна контрацепција се финансиите – покажува сеопфатната анализа „Пристап до средства за контрацепција и здравствени услуги за семејно планирање“ од ХЕРА.
За да користат некое од достапните модерни контрацептивни средства, жените и/или нивните партнери мора да го платат со полна сума, што претставува посебна бариера за младите и за лицата со понизок социо-економски статус. А и покрај ветувањата на Владата, во Македонија ниту едно контрацептивно средство не е на Позитивната листа на лекови кои се покриени од Фондот.

Денес, 26-ти септември е Светски ден на контрацепцијата, а доцент д-р Даниела Иванова Панова, раководител на оддел за репродуктивна ендокринологија со детска и адолесцента гинекологија, која има 27-годишно искуство на Универзитектска клиника за гинекологија и акушерство ГАК Скопје, вели дека контрацепцијата е еден вид „заборавена“ во државава.

-  Контрацепцијата е еден вид „заборавена“ работа, не само од корисниците туку и од стручните лица - од професионалците се смета за секундарана работа, не е примарна, особено откако започна ковид пандемијата, контрацепцијата е ставена под тепих и е во слободен пад – вели д-р Иванова Панова.

Во 2020 година е регистриран преполовен број на совети за планирање на семејството во примарната здравствена заштита. Регистрирани се за 67,7 % помалку посети за планирање смејство во однос на 2019 година. Бројот на регистрирани ординирани контрацептивни средства во 2020 г. е исто така значајно намален во однос на 2019 г. и изнесува 1.246, а бил  8.923 во 2019 г.
Овој сериозен пад во голема мера се должи на пандемијата со КОВИД-19 и на објективните нарушувања во давањето здравствена заштита на примарно ниво и пренасочување на капацитетите.

Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: