15 Декември, 2025
0.0271

Метрото во Солун се гради подолго од автопатот Кичево - Охрид, поскапе за една третина

Објавено во: Балкан 09 Октомври, 2023 13:25

Добивај вести на Viber

Повеќе од 390 милиони евра, или повеќе од една третина како дополнителен трошок, – чини засега изградбата на солунското метро, објави денеска „Катимерини“.

„Сметката“ постојано расте, преку поднесување нови барања од конзорциумот што го презеде проектот. Се поверојатно е по петти пат да биде продолжен рокот преку нов анкес договор.

Новиот таргет е крајот на есента 2024 година. Договорот за изградба на главната линија на солунското метро (13 станици, 9,6 км траса) беше потпишан во март 2006 година. Испораката на проектот беше закажана за октомври 2012 година. Оттогаш проектот доби четири продолжувања на рокот: на 25 ноември 2016 година, 30 ноември 2020 година, 29 април 2023 година и последниот за 30 декември 2023 година.

Во изминатите години, почна да расте и буџетот на проектот. Почетниот буџет беше 1,15 милијарди евра (сите износи вклучуваат ДДВ). Државата преку „Атико метро“ (сега „Хеленик метро“) на изведувачот му исплатила дополнителни 329,8 милиони евра обештетување (преку низа арбитражни судски одлуки) и 36,5 милиони евра „позитивна отштета“ (поради доцнење). Истовремено, „скокна“ и буџетот за археолошките работи, преку пет дополнителни договори, оптоварени за 177,5 милиони евра. Конечно треба да се додаде и договорот за набавка на уште 15 возови, со буџет од 176,08 милиони евра.

Така, вкупните трошоци на проектот сега изнесуваат 1.547.409.000 евра (односно 33,74% повеќе од неговиот првичен буџет), без да се земат тука предвид уште две категории на трошоци: Прво, трошоците за ангажирање надворешни консултанти, експропријации, мрежни заобиколувања и слични трошоци кои се веќе направени. Второ, неподмирените побарувања на изведувачот. Според информациите, се чека значително побарување на конзорциумот (од редот од 20 милиони евра) во врска со преместување на една од станиците.

Сепак, вреди да се напомене дека минатата среда, при потпишувањето на договорот за работа на солунското метро, менаџерите на „Хеленик метро“ најавија уште едно продолжување на проектот. Како што навестија, главната линија на метрото ќе биде пуштена во употреба до ноември 2024. 



Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството